Достапни линкови

Роковите за изборите меѓу власта и опозицијата


Собранието го изгласаа предлог-законот со кој рокот за поднесување листи за кандидати за советници и градоначалници на локалните избори се продолжува до трети март на полноќ. Опозицијата се изјасни против предлогот.

Предлог законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, стаса по итна постапка до Собранието, откако претходно исто така по итна постапка го усвои владата, за што на прес конференција информираше ВМРО-ДПМНЕ. Со него се определува дополнителен рок за поднесување на листи на кандидати за локалните избори, предлог кој претходно власта го обзнани јавно, а опозицијата експресно го одби.
Ако на локалните избори советничките листи на Сојузот за иднината освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори.
Андреј Петров, секретар на СДСМ.

Предлог законот за измени и дополнувања на Изборниот законик е лицемерна и безобразна постапка на власта порачаа од СДСМ. Уште еднаш ја потсетуваме режимската ВМРО- ДПМНЕ дека Сојузот за иднина не одлучи да ги бојкотира локалните избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку заради целосната неодговорност и нивниот партиско-поилициски пуч, изјави на прес конференција Андреј Петров од оваа партија, потсетувајќи го
политичкиот опонент.

„Претседателот Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција предложи разумен, конструктивен и фер план за излез од кризата: Ако на локалните избори советничките листи на Сојузот за иднината освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори. Токму заради стравот од соочување со волјата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го одби овој предлог.“

Со измените во Изборниот законик покажуваме конкретен чин кој значи соодветен, законски и прецизен модел за надминување на предизвиците, рече на прес конференцијата Гордана Јанкулоска. Убедени сме дека овој наш потег е длабоко исправен, позитивен и конструктивен чин со кој се отвора можност СДСМ да влезе во нормалнирте политички процеси во Македонија на еден легитимен и разумен начин и да овозможи продолжување на интеграциските процеси на државава во евроатланстките структури, рече Јанкулоска.

„СДСМ бараше седум дена во кој тие би можеле да ги достават своите кандидатски листи за советници и кандидатските листи за градоначалник, тоа во официјална изјава потпретседателот на СДСМ Зоран Заев јавно го истакна и ние тој рок им го овозможуваме и тоа со закон“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку Гордана Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG