Достапни линкови

Се продолжува рокот за кандидатури, опозицијата обвинува за лицемерие


Владата предложи закон за продолжување на рокот за кандидатури за локалните избори. Опозицијата вели - локални, само со ветување за парламентарни избори.

Предлог законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се пролонгира рокот за поднесување кандидатски листи, за Социјалдемократскиот сојуз е лицемерна и безобразна постапка на власта.
Уште еднаш ја потсетуваме режимската ВМРО-ДПМНЕ дека Сојузот за иднината не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи туку заради целосната неодговорност на власта и нивниот партиско полициски пуч!“, изјави на прес конференција.
Андреј Петров, генералeн секретар на СДСМ.

„Уште еднаш ја потсетуваме режимската ВМРО-ДПМНЕ дека Сојузот за иднината не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи туку заради целосната неодговорност на власта и нивниот партиско полициски пуч!“, изјави на прес конференција, генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Андреј Петров, секретар на СДСМ.
Андреј Петров, секретар на СДСМ.

Од СДСМ потсетуваат на, според нив, конструктивниот и фер план за излез од кризата кој го предложи Бранко Црвенковски, а тоа е дека доколку на локалните избори советничките листи на Сојузот за иднината освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори.
СДСМ бараше седум дена во кој тие би можеле да ги достават своите кандидатски листи за советници и кандидатските листи за градоначалник, тоа во официјална изјава потпретседателот на СДСМ Зоран Заев јавно го истакна и ние тој рок им го овозможуваме и тоа со закон.
Гордана Јанкуловска,член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку денеска по итна постапка, Владата го усвои предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кои што измени се определува нов, дополнителен рок за поднесување на кандидатски листи за советници и градоначалници заклучно до 3 март. За предлог измените во овие моменти Собранието расправа на вонредна седница. Најновата одлука на Владата ја соопшти Гордана Јанкуловска, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Гордана Јанкуловска.
Гордана Јанкуловска.

„СДСМ бараше седум дена во кој тие би можеле да ги достават своите кандидатски листи за советници и кандидатските листи за градоначалник, тоа во официјална изјава потпретседателот на СДСМ Зоран Заев јавно го истакна и ние тој рок им го овозможуваме и тоа со закон.“

Од владејачката партија велат дека нивниот потег е исправен, позитивен и конструктивен чин, базиран на како што велат искрената волја за надминување на предизвиците и промоција на граѓанските, државните и национални интереси, чин со кој се отвора можност СДСМ да влезе во нормалните политички процеси во Република Македонија на еден легитимен и разумен начин и да овозможи продолжување на интеграциските процеси на Република Македонија во евро-атланските структури.

Извесно е дека пратениците од владејачкото мнозинство овој закон ќе го донесат и овој допполнителен рок од седум дена ќе има законска сила. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со ова сите политички партии, а особено СДСМ ќе имаат време да достават кандидатски листи за советници и градоначалници.

Од Социјалдемократскиот Сојуз велат дека предлозите на владејачката партија не се предлози, туку технички детали. Генералниот секретар Андреј Петров

Според експертите бојкотот на изборите е радикална мерка на која се одлучиле опозиционерите. Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека на тој начин дополнително им се ускратува правото на избор на граѓаните, додавајќи дека се додека двете спротивставени страни комуницираат преку медиумите кризата нема да се реши.

„Треба да седнат и да изнајдат решение и тогаш нивите лидери јавно да го спроведат“, изјави Муслиу.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG