Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - предлози и одбивања


Избори на 28 април, место на 24 март и ако опозицијата освои глас повеке на 29 септември да има предвремени парламентарни избори. Ова денеска беше предлогот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за надминување на политичката криза во Македонија по што ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори – нема предвремени избори и одложување на локалните. Имате 3–4 дена за пријавување на изборните листи.

Одбивањето на нашиот коректен предлог за продолжување на рокот за поднесување на советничките и градоначалничките листи, заедно со одбивањето на пакетот мерки, објавени од страна на претседателот Никола Груевски на 12 февруари претставува јасен сигнал дека СДСМ и Бранко Црвенковски се решени да продолжат со своите деструктивни политики, со предизвикување хаос и проблеми за Република Македонија.
Ова е последното соопштение вечерва од ВМРО ДПМНЕ во низата денешни партиски препукувања меѓу оваа владеачка партија и опозицијата.

Претходно СДСМ во одговорот на реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на прес - конференцијата на Бранко Црвенковски се заблагодарја за понудата и потсетија дека „нивниот последен конструктивен предлог е ако на локалните избори, советничките листи на здружената опозиција Сојуз за иднината освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 29-ти септември“.
Според СДСМ, тоа е предлог кој е повеќе од фер.

„Бидејќи Никола Груевски постојано тврди дека е сигурен победник на престојните локални избори, никој не може да најде логично оправдување зошто упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните, а со тоа свесно инвестира во драматично продлабочување на политичката криза со крајно штетни последици за земјата, кои неминовно ќе одат исклучиво на негов товар“,
се наведува во соопштението од СДСМ.

Сојузот за иднината нема намера да тера инает и токму затоа предложи разумен план за излез од кризата, се вели во соопштението од СДСМ

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски имено го даде последниот предлог за надминување на политичката криза:

Последниот предлог на Црвенковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00
Бојкотот на локалните избори останува како опција, посочи Црвенковски

„Ако не биде прифатен овој предлог, ќе ги бојкотираме локалните избори и нашите пратеници ќе ги поднесат своите оставки во Собранието на Република Македонија“ вели лидерот на опозициската партија.

Тргнувам од претпоставката дека, бидејќи се работи за многу сериозна ситуација, овој предлог сериозно ќе го погледнат
Бранко Црвенковски, Лидер на СДСМ
ВМРО–ДПМНЕ на оваа понуда реагираше со писмено соопштение, во кое е наведено дека не постои теоретска можност за било каков договор со СДСМ во кој се споменуваат предвремени избори во било која опција и во било која варијанта.
Владеачката партија му нуди на СДСМ, како што соопшти, последна сламка за спас:


„Доколку вечерва до 19 часот се согласат, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено законски да се продолжи рокот за доставување на советничките и градоначалничките листи за 3 до 4 дена, а сепак, рокот за одржување на локалните избори да остане ист. Исто така, евентуални измени на изборниот закон, доколку се констатира потреба од тоа, се можни да се случуваат во тек, за тоа има законска можност и тоа воопшто не кореспондира со поднесувањето на советнички листи и кандидатите за градоначалници“ пишува во соопштението од ВМРО–ДПМНЕ.

Ставот е сличен со оној во првото соопшение, за кое Црвенковски коментира:

Од опозициските протести по декемврискиот инцидент
Од опозициските протести по декемврискиот инцидент
„Соопштението е дадено во девет сабајле; Тргнувам од претпоставката дека, бидејќи се работи за многу сериозна ситуација, овој предлог сериозно ќе го погледнат. Ако, сепак, нивниот став биде таков како што кажуваат во нивното соопштение, ќе повторам: целокупната одговорност за продлабочување на кризата, за загрозување на националните и државни интереси на Република Македонија, за загрозување на евроатлантските интеграции ќе ја сноси Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.“

Во соопштението на ВМРО–ДПМНЕ, пак, се наведува дека доколку не се прифати тоа што владеачката партија го понудила, „јасна е намерата дека Црвенковски бега од избори и соочување со народот“.

Рокот за листите истекува утре

Утревечер на полноќ завршува рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори.
Постои можност овој рок да се пролонгира доколку владејачките партии и опозицијата сепак, постигнат договор за одложување за неколку дена на доставувањето на кандидатските листи. Врз основа на член 15 став 3 од Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) со роковниот ги утврдува Државната изборна комисија.
Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до Општинските изборни комисии, додека листите за кандидатите за советници и за градоначалник на Скопје се доставуваат до Изборната комисија на Градот Скопје.
На изборите ќе учествуваат 29 независни кандидати, а потписи беа собрани за 95 независни советнички листи.
Локалните избори во Македонија се закажани за 24 март. Опозицијата бара нивно одложување за еден месец, додека владејачката партија прифаќа пролонгирање на рокот за доставување на кандидатските листи, но не и на изборите
XS
SM
MD
LG