Достапни линкови

Прилеп ќе го возобновува Трескавец


Општина Прилеп одвои пари за опожарениот манастирски комплекс Трескавец, а Економскиот совет на Прилеп реши целото прилепско стопанство да ги стави сите ресурси на располагање за да се возобнови манастирот .

Манастирот Трескавец, упориштето на православието во Пелагонија изгоре до темел. Од раскошните конаци останаа само пеплосани ѕидови, јагленисани греди, чад и спомени. Но, целото културно и национално богатство и наследство е зачувано, сите византиски фрески, икони се е спасено од огнената стихија, која за два часа го темел ги пеплоса конаците, кои се наоѓаат околу црквата.
Најважно е што отецот Калист во сета таа паника успеал да ги спаси иконите, ќе ги симнеме во Музејот, каде би се продолжил процесот на конзервација, значи сите сребрени предмети, вредни икони и предмети, сите книги од библиотеката, се е спасено.
Гордана Данилоска Спироска, прилепскиот Завод и Музеј.

„Најважно е што отецот Калист во сета таа паника успеал да ги спаси иконите, ќе ги симнеме во Музејот, каде би се продолжил процесот на конзервација, значи сите сребрени предмети, вредни икони и предмети, сите книги од библиотеката, се е спасено“, изјави Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и Музеј.
Конаците после пожарот.
Конаците после пожарот.

Прилепчани, верниците, почитувачите на традицијата заедно со пожарникарите, рамо до рамо се бореа со стихијата, но и ја чуваа цела ноќ црквата, по пожарот, од страв, да не избувне повторно, да не согори, највредното, како што вели владиката Климент, срцето на манастирот. Еден од верниците кој е и чест посетител е Богдан Маркоски. Тој го гаснеше огнот кај камбанаријата, таму каде што првично избувна пожарот.
Министерството за култура и Завод и Музеј Прилеп одма да пристапат кон изработка на основен, автентичен проект, кој ќе покаже и што значи финансиската слика за обнова на манастирот, значи ќе ја даде финансиската конструкција.
Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Во солзи сум, секој ден сум овде и не можам, ова е голема трагедија, штета за македонскиот народ, за сите нас“, вели низ солзи 43 годишниот Богдан Маркоски.

Градот веднаш интеревенираше. Општината одржа седница, ќе одвои на почеток милион денари, а со јавните претпријатија ќе се расчистување теренот. Советниците побараа од Владата и Министеството за транспорт и врски, интензивирање на активностите за изградба на патот.
Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристевски во посета на Манастирскиот комплекс Трескавец кој беше зафатен од пожар.
Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристевски во посета на Манастирскиот комплекс Трескавец кој беше зафатен од пожар.

„Министерството за култура и Завод и Музеј Прилеп одма да пристапат кон изработка на основен, автентичен проект, кој ќе покаже и што значи финансиската слика за обнова на манастирот, значи ќе ја даде финансиската конструкција“, изјава градоначалникот Марјан Ристески

Ќе помогнат и прилепските фирми.

„Од моја страна страна како Комора и стопанственици во Општината се ќе сториме во рамките на нашите можности, да помогнеме таа состојба што поскоро да се совлада“, изјави Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора.

„Членовите на Економскиот совет и бизнис секторот ќе ги дадат своите финансиски и човечки ресурси за сето ова да се надмине“, изјави Ирена Јакимоска, од конфекцијата Комфи Ангел од Прилеп.

Но, при реконструкција на конаците од ТППЕ единица посочуваат дека треба да се изгради и резервоар за вода во манастирот и хидрантна мрежа, а конаците да бидат реконструирани прописно, со тврда градба да биде оддвоен кровот од останатиот дел, со цел да се спречат последици од вакви размери, при евентуална ваква несреќа. Манастирот Трескавец е еден од 100 –те најзагрозени споменици на културата во светот, според УНЕСКО. Последен пат беше опожарен на 9 јануари, 1990 година.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG