Достапни линкови

Лешок пропаѓа


Манастирот Свети Атанасиј во Лешок.
Манастирот Свети Атанасиј во Лешок.

Додека се градат нови знаменитости, старите пропаѓаат. Манастирската црква Свети Атанасиј во тетовски Лешок е во руинирана состојба.

Загрижувачка е сосојбата на манастирската црква Свети Атанасиј во тетовското село Лешок. Едно од најзначајните и најстарите духовни светилишта, кој се наоѓа на само неколку километри над селото е оставен на милост и немилост на забот на времето. Црквата е во рунирана состојба без речиси никаква покривна конструкција, со разрушени ѕидови, обрасната со трева и уништени фрески. Според претседателот на месната заедница на село Лешок, Иван Атанасовски, овој божји храм е многу значаен за мештаните од Лешок затоа што според него е именуван познатиот Лешочки манастир.
Зошто кога веќе ја имавме се дозволи да се разруши? Не се големи средства за да се обнови ова, но мене ми се чини дека недостасува добра волја.
Иван Атаносовски, претседател на МЗ Лешок.

„Јас и селаните сме длабоко револтирани од односот на државата кон овој за историски објект. Според мене ваква градба, сега потешко можат да се најдат мајстори. Зошто кога веќе ја имавме се дозволи да се разруши? Не се големи средства за да се обнови ова, но мене ми се чини дека недостасува добра волја.“

Од надлежните иституции изминатиот период имало обиди, за санација на манастирската црква која според податоците е изградена во 14 век на темели од 11 век и е заштитена како споменик на културата. Музејот на тетовски крај во соработка со националниот конзерваторски центар пред 3 години се обиделе да ја сменат покривната конструкција на манастирот, но поради недостиг на финансии, единствено на покривот од објектот биле поставени греди, а истиот бил покриен само со најлон.

За
Се успеа да се смени дрвната конструкција и привремено беше покриена со најлон за да помине зимата, од тогаш наваму не е интервенирано.
Среќко Ковановски, Директор на музејот на тетовскиот крај.
состојбите со храмот, Директорот на музејот на тетовскиот крај, Среќко Ковановски вели:

„Се успеа да се смени дрвната конструкција и привремено беше покриена со најлон за да помине зимата, од тогаш наваму не е интервенирано.“

Од националниот конзерваторски центар појаснуваат дека и годинава им било во план да стават покривна конструкција на манастирот. Поради недостиг на финансии, побарале пари од министерствто за култура, но оттаму веднаш биле одбиени со образложение дека конзерваторскиот центар сам треба да си ги сноси трошоците околу покривната конструкција. Во меѓувреме се работи на изработка на проект за реконструкција на целиот објект на манастирот свети Атанасиј, кој треба да се финализира до крајот на годинава, но и за неговата реализација неопходно е обезбедување на финасиски средства.
XS
SM
MD
LG