Достапни линкови

Можна ли е нова лидерска средба за надминување на кризата?


Маршот на вистината на опозицијата
Маршот на вистината на опозицијата

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вчера го одби предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за формирање експертска комисија за настаните од 24 декември. На кој начин може да се надмине кризата?

СДСМ од денеска со зголемен интензитет ќе продолжи со блокада на повеќе крстосници низ Скопје, како што беше најавено на вчерашниот протестен марш против против „партиско-полициската држава“, велат од партијата. Од таму најавуваат и поголем протестен марш во Битола, а паралелно во десетина градови ќе продолжат со одржувањето на граѓански парламент.
Мислам дека следи некоја друга понуда и начин како оваа криза би се решила, која заради големината на настаните чинам дека може да се направи само со голем компромис, кој може да се постигне кога некој нуди и дава нешто.
Рамадан Рамадани, политички аналитичар.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вчера го одби предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за формирање на експертска комисија. Тој го оцени предлогот како обид да се одложи соочување на власта со одговорноста. Опозицијата уште еднаш нагласи дека кај нив има политичка волја за утврдување на сите предуслови за одржување на слободни и фер предвремени парламентарни избори, како прв и неопходен чекор за нормализирање на односите и враќање на демократијата во земјата.

Од другите партии не успеавме да добиеме одговор или рекација во однос на одбивањето на Црвенковски на предлогот на Иванов.

Политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани вели дека може да се изнајде решение за политичката криза, но претседателот Иванов не е вистинската личност која треба да посредува меѓу двете партии.

„Мислам дека следи некоја друга понуда и начин како оваа криза би се решила, која заради големината на настаните чинам дека може да се направи само со голем компромис, кој може да се постигне кога некој нуди и дава нешто“, вели Рамадани.​

Тој не ја исклучува веројатноста да се одржи нова лидерска средба.

„Тоа веќе беше навестено по првата средба и очекувам дека следниот пат на средбата ќе учествуваат и ДПА и ДУИ. Значи во полн состав како што порано се одржуваа лидерските средби“, додава Рамадани.

Меѓународната заедница на власта и опозицијата им порача да воспостават политички дијалог и побара итно изнаоѓање на решение на кризата за да се поправи нарушениот имиџ на државата.
Опозицијата домаршира пред зградата на премиерот Груевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG