Достапни линкови

Реканскиот крај ќе се промовира со еко-храна


Реканскиот регион изобилува со производи кои ги нема во друг крај, а токму тоа може да придонесе за забрзан развој на туризмот, особено на селскиот.

Дебарско – реканскиот регион изобилува со многубројни видови производи кои ги нема во другите региони на Република Македонија, но и пошироко. Овие производи треба да се промовираат со што ќе се овозможи и промовирање на овој убав регион од нашава земја. Оваа оценка е изнесена на средбата што љубителите на природните еко производи и здравата храна ја одржаа во Долнореканското село Јанче.
Нашиот регион изобилува со квалитетни и ретки природни плодови. Чистите пасишта и трева, но и бројните шумски билки и плодови се вистинско богатство кое ни го дала природата. Тука е традиционалното сирење и други традиционални производи за кои сите знаат дека се од нашиот регион. Ова дава можност да се промовираат како производи од нашиот регион.
Тефик Тефиковски, Здружение „Тера Мадре“.

„Нашиот регион изобилува со квалитетни и ретки природни плодови. Чистите пасишта и трева, но и бројните шумски билки и плодови се вистинско богатство кое ни го дала природата. Дивите јагоди, костењето, оревите, бројните шумски чаеви треба да се искористат за подготвување здрава храна. А овде ја има. Има изобилство на води и автохтони риби. Нашиот регион е препознатлив за се она што го имаме кај нас. Тука е традиционалното сирење и други традиционални производи за кои сите знаат дека се од нашиот регион. Ова дава можност да се промовираат како производи од нашиот регион“, вели Тефик Тефиковски, координатор на меѓународното здружение „Тера Мадре“ кое делува во регионот на Река и Дебар и во други делови од нашава земја.
Илустрација.
Илустрација.

Според него, наскоро ќе се одржи и регионална средба со здруженијата на сточарите и земјоделците и ќе се најави реализација на проект за заштита и брендирање на производите и јадењата од овој регион. Оваа област има ретки производи и плодови за кои интерес покажуваа не само домашните туку и странските туристи кои го посетуваат регионот по долината на реката Радика. Ова дава гаранции за забрзан развој на туризмот особено селскиот и здравата храна во регионот.

На средбата учествуваа и педесетина лица со посебни потреби од дебарското здружение „Порака“. Овие лица наскоро ќе се вклучат во еден проект за зголемување на едукацијата на населението и тие лично ќе подготвуваат храна од еко плодови заедно со угостителите од регионот, карактеристична за овој регион.

„Се надеваме како здружение дека од проектот во кој ќе се вклучат и членовите на Порака ќе има ефекти. Да се членува во вакви здруженија и да си активен во насока на заштита на природните плодови е голема работа“, нагласува претседателот на здружението „Порака“ во Дебар, Беким Аме.

Претставниците на здружението „Тера Мадре“ нагласуваат дека сепак во регионот неопходно е да се посвети внимание на едукацијата на населението за начинот на собирањето на плодовите кои ги дала природата, со цел тие да не се оштетуваат.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG