Достапни линкови

Бавна железница - побавна економија


Години наназад бараме инвестиции во Железницата, која ни е стратешки партнер, бидејќи 80 насто од нашиот производ го пренесуваме преку нив, вели директорот на Макстил, Александар Панов.

Валкани, спори и одамна дотраени се македонските возови, а инфраструктурата е во очајна состојба и патниците никогаш не стигнуваат на крајната дестинација на време.
Кога ќе имаме побрза железница ние ќе имаме побрз дотур на нашиот производ до пристаништата. Ако имаме подобро возно средство сигурно ќе немаме проблеми како во годините наназад кога имавме проблеми со несоодветни вагони.
Алксандар Панов, Макстил.

Години наназад бараме инвестиции во Железницата, која ни е стратешки партнер, бидејќи 80 насто од нашиот производ го пренесуваме преку нив, вели директорот на Макстил, Александар Панов. Сите случувања во Железници, според него, негативно се одразуваат врз нивната работа.

„Кога ќе имаме побрза железница ние ќе имаме побрз дотур на нашиот производ до пристаништата. Ако имаме подобро возно средство сигурно ќе немаме проблеми како во годините наназад кога имавме проблеми со несоодветни вагони. Се задржуваа во одредени земји, се репарираа, се поправаа и сето тоа допринесуваше нашиот производ да доцни при испораката, но не по наша вина.“

Освен редовните проблеми со кои се соочуваат синдикатите на македонски железници побараа и укинување на регулаторната комисија. Претседателот на независниот синдикат на машинскиот персонал Ристо Пејовски вели дека комисијата наместо да ја координаира работата на инфраструктура и транспорт само предизвикува незадоволство и револт кај вработените.
Во суштина Регулаторната комисија е неоправдана, можеби е со една добра намена предвидена, но не е функционална во моментот.
Ристо Пејовски, претседател на независниот синдикат на машинскиот персонал.

„Во суштина Регулаторната комисија е неоправдана, можеби е со една добра намена предвидена, но не е функционална во моментот. Таа само иницира проблеми, има некакви фиктивни финансиски побарувања до фирмите кои и така се борат за егзистенција, да се изнајдат пари и средства за плати, за одржување.“

Според Панов планот за изградба на пругата по Коридорот 8 со кој ќе бидеме поврзани со Бугарија и Албанија мора да се оствари, бидејќи тоа ќе придонсе за развој на економијата.

„Неоправдано е за македонските политички гарнитури, проектот кој започна да се реализира пред 10 години да е во оваа фаза. Ние тоа мора да го гледаме од аспект на една суштинска инвестиција која нема политичка обоеност, туку има само економски интерес за државата.“

За споредба доколку возот нема никакви проблеми од Скопје до Битола се патува околу 3 ипол часа, а растојанието е 180 километри. За разлика да речеме од европските градови каде возовите се движат со брзина до 277 километри на час.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG