Достапни линкови

Постојана борба на охридската со централната власт


Совет на општина Охрид.
Совет на општина Охрид.

Во Македонија наместо децентрализација се спроведува процес на национализација, вели охридскиот градоначаник Александар Петрески. Според него тоа е причината зошто во Македонија речиси е невозможен локален економски развој.

Наместо децентрализација во Македонија се спроведува процес на национализација многу полош и од оној кој се случуваше во 1945 година, обвинува охридскиот градоначалник Александар Петрески. Според него тоа е причината зошто во Македонија речиси е невозможен локален економски развој. Тој како пример го посочува државното земјиште кое локалната самоуправа го добила на управување пред само неколку месеци, за подоцна тоа право, како што вели, на општината да и биде одземено.
Тоа ме потсетува на национализацијата на земјиштето која се случи од 1945 до 47 година. Со одземањето на ингеренциите на Општина Охрид во делот на урбанизмот и со прогласувањето на заштитените подрачја, правата што ги добивме во 2007 повторно му се враќаат на Министерството за транспорт и врски и сега граѓаните кои живеат во овие зони за одобрение сега треба да одат во Скопје.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

„Тоа ме потсетува на национализацијата на земјиштето која се случи од 1945 до 1947 година. Со одземањето на ингеренциите на Општина Охрид во делот на урбанизмот и со прогласувањето на заштитените подрачја, правата што ги добивме во 2007 повторно му се враќаат на Министерството за транспорт и врски и сега граѓаните кои живеат во овие зони за одобрение сега треба да одат во Скопје. Штетно е власта да му се дава само на еден човек“, рече Петрески.
Охридскиот градоначалник Александар Петрески.
Охридскиот градоначалник Александар Петрески.

И заменик претседателот на македонското собрание, Јани Макрадули од СДСМ вели дека процесот на децентрализација во Македонија е целосно стопиран, а за тоа говорел и извештајот на Европската комисија.
Мора да постои борба со централната власт за парите и работите да се насочат таму каде граѓаните ке може најдобро да ги контролираат, а тоа е на локално ниво.
Горан Јешиќ, поранешен градоначалник на српската општина Инџија.

„Тоа го потврдува и извештајот на Европската комисија која зборуза за нетранспарентно префрлување на средствата од централната на локалната власт, фаворизирање на некои општини кои се миленици на власта и дискриминација на општините кои се предводени од градоначалници од опозицијата.Тие пари се трошат во Скопје и во центарот на градот во мермер и бетон, нешто што не им носи добро на граѓаните“, рече Макрадули.

Поранешниот градоначалник на српската општина Инџија Горан Јешиќ вели дека борбата на локалната со централната власт е постојан.

„Мора да постои борба со централната власт за парите и работите да се насочат таму каде граѓаните ке може најдобро да ги контролираат, а тоа е на локално ниво. Во Македонија имаме централизација, а тоа е поради намерата некој да ги украде парите. Кога имате нетранспарентни процедури и кога се во државата се случува на едно место тогаш работите одат бавно, па некој мора да интервенира, а тогаш има простор за корупција. Ние успеавме да се избориме со централната власт, спроведовме реформи во администрацијата, ја намаливме корупцијата, парите ги инвестиравме во инфраструктурни проекти, а не во споменици“ вели Јешиќ.

Тоа е причината поради кои голем број на странски компанаии веќе инвестирале во Инџија, а за само седум години вкупните инвестиции изнесуваат 500 милиоони евра, што овозможи отварање на 10000 работни места.

Во Охрид неодамна се одржа трибина на тема „Локален развој и подобар животен стандард-најдобри искуства и практики“, каде своите искуства ги споделија и гости од околните држави.
XS
SM
MD
LG