Достапни линкови

Задолжување за раздолжување кон стопанството


Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори во септември годинава.
Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори во септември годинава.

Иако долго време власта тврдеше дека тоа е тековен податок кој се менува на дневна основа и затоа не може да се каже, премиерот Никола Груевски вчера го откри долгот на државата кон стопанството.

Нови заеми за враќање стари долгови, а каматите од кредитите ќе ги плаќаат граѓаните. Таквата финансиска политика на владата за експертите не е прифатлива. Премиерот Никола Груевски конечно откри - владата на стопанството му должи околу 30 милиони евра. Долгот што во септември изнесувал 92 милиони евра бил намален за 68 отсто. Груевски најави дека преостанатиот дел од парите фирмите ќе ги добијат до крајот на февруари.
Еве да земеме обратна ситуација. Да земеме дека ДДВ сум наплатил јас како фирма и сега велам, добро, кога ќе имам ќе и вратам на државата. Тоа не се мои пари, тоа се пари на државата кои во моментот се наоѓаат кај мене и нормално дека морам да ги вратам. Ако јас земам кредит за да си го вратам ДДВ-то, тоа значи дека сум неликвиден и најпаметно во таков случај е да си ја затворам компанијата. Што значи тоа? Дека државата е во банкрот. Да се земат кредити за таква непродуктивна работа само е претурање од шупливо во празно.

Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека тие пари му припаѓаат на стопанството и нема потреба премиерот да најавува дека ќе ги врати, бидејќи владата има обврска да си го подмири долгот.

„Еве да земеме обратна ситуација. Да земеме дека ДДВ сум наплатил јас како фирма и сега велам, добро, кога ќе имам ќе и вратам на државата. Тоа не се мои пари, тоа се пари на државата кои во моментот се наоѓаат кај мене и нормално дека морам да ги вратам. Ако јас земам кредит за да си го вратам ДДВ-то, тоа значи дека сум неликвиден и најпаметно во таков случај е да си ја затворам компанијата. Што значи тоа? Дека државата е во банкрот. Да се земат кредити за таква непродуктивна работа само е претурање од шупливо во празно“, вели Витанов.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека враќањето на долгот кон стопанството е добра вест, но задолжувањето на земјата не треба да биде за некапитални трошоци.

„Ако ние ангажираме компании коишто ќе работат на Скопје 2014, тогаш поддржуваме нестратешки гранки или сектори коишто и без субвенциите од државата не се многу конкурентни на регионалните пазари“, вели Адеми.

Според Витанов, на крајот тоа со камата ќе го платат граѓаните затоа што власта ненаменски ги троши парите.

„Тоа значи дека државата ги троши парите ненаменски на друго место и треба државата да престане да ги троши тие пари ненаменски и на друго место, бидејќи тоа се пари коишто се наменети за поврат на стопанството. Тоа само открива дека државата манипулира со буџетот.“

Според експертите, парите од кредитите треба да се користат за развој на извозот, отворање на нови и креативни бизниси, како и ангажирање на локални компании за некапитални проекти и поддршка на компаниите кои се конкурентни на регионалните пазари.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG