Достапни линкови

Прилепските борци со поддршка на колегите од Скопје


Прес-конференција на Сојузот на борци од Прилеп.
Прес-конференција на Сојузот на борци од Прилеп.

Прилепските борци реагираат и се спротивставуваат на одлуката за иселување на Главниот одбор на Сојузот на борците од своите простории во Скопје.

Прилепските борци од градот на простумот и непокорот од градот првоборец, жестоко реагираат и се спротивставуваат на одлуката за иселување на Главниот одбор на Сојузот на борците од своите простории во Скопје. Тие бараат државата преку своите институции и механизми веднаш да ја преиспита одлука и наместо да им ги одзема просториите, да ја остава без помош оваа организација, да покаже поголема грижа за Сојузот на борците, во кој членуваат голем број преживеани борци, почитувани и следбеници на делото на оние кои се бореа и гинеа по беспаќата за денешната слобода.
Во ова време, после сите овие востанија, кога се успеа, се донесе, живееме добро 70 години и сега во последно време, не само што не добиваме никаква материјална поткрепа, туку ни се одземаат просториите од када треба да живееме и да се организираме.
Раде Спасески, преживеан борец.

„Ваквиот потег е најотворено непочитување на нашата НОБ, на нашата ослободена територија, на нашата Македонија и тоа кога? Во ова време, после сите овие востанија, кога се успеа, се донесе, живееме добро 70 години и сега во последно време, не само што не добиваме никаква материјална поткрепа, туку ни се одземаат просториите од када треба да живееме и да се организираме“, вели Раде Спасески, преживеан борец, длабоко засегнат и навреден од овој чин на иселување на одборот на Соузот на борците.
Благоја Чонески, претседател на прилепската организација на Сојузот на борците.
Благоја Чонески, претседател на прилепската организација на Сојузот на борците.

Прилепските борци најостро протестираат против овој, според нив, гнасен чин на флагрантно нарушување на правото на сопствен имот и уставните принципи за правна држава. Велат донесена е необјективна, исполитизирана одлука, која го доведува во прашање опстанокот на организација, одлука со која свесно, се прави штета, обесправува и се настојува да згасне Сојузот на борците.

„Американците или Англичаните и кучињата што учествуваа и магарињата и коњите и воловите, се што беше користено против таа хитлеровска коалиција, ужива посебни права, а ние една просторија за да може да не собере, да помогнеме пак на власта, чија власт ја сметаме пак за наша и на крајот од таа наша власт, го добиваме ова, шамар“, реагира Благоја Чонески, претседател на прилепската организација на Сојузот на борците.

Борците велат, нема да останат индиферентни кон оваа одлука, ќе се спротивстават на власта и бараат стопирање на незаконските и неморални процеси во државава. Тие се сигурни дека нивниот револт го дели голем дел од македонската јавност. Поради одлуката за иселување на Главниот одбор, голем број членов и на Сојузот, почитувани на традициите од НОБ, на протестен марш во Скопје и пред просториите на организацијата, го манифестираа своето незадоволство.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG