Достапни линкови

Независни опозициски кандидати или владино масло?


Бузлевски најави дека како независен кандидат ќе се трка за градоначалник на Ресен. Внатрепартиска потреба за демократизирање на СДСМ или обиди на власта да ја разедини опозицијата?

Последица на внатрепартиската потреба за демократизирање на најголемата опозициска партија или обиди на власта да го натераат СДСМ да се дефокусира од битните теми особено во предизборието. Во овие рамки се движат анализите на дел од македонските експерти по најавите на Димитар Бузлевски дека ќе настапи како независен кандидат за градоначалник на Ресен.
Тоа можеше да се избегне со поголема транспарентност и поголема демократизација внатре во партијата. Ако им се дадеше поголемо право на локалните комитети самите да ги избираат претставниците, а не да се наложуваат од страна на раководството преку неформални или формални блискости со лидерот на партијата.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Тоа можеше да се избегне со поголема транспарентност и поголема демократизација внатре во партијата. Ако им се дадеше поголемо право на локалните комитети самите да ги избираат претставниците, а не да се наложуваат од страна на раководството преку неформални или формални блискости со лидерот на партијата“, вели професор Здравко Савески.
Општина Ресен.
Општина Ресен.

Бузлевски со објавувањето на својата кандидатура им се придружи на неколкумина поранешни функционери на опозицијата што излегоа од СДСМ и најавија независни кандидатури во март. Најголемата опозициска партија веќе реагираше дека ваквото сценарио и оди во прилог на владејачката ВМРО ДПМНЕ.

„Притоа треба да се има предвид дека и во ваков медиумски простор ние нема што да знаеме од СДСМ, освен она што се прикажува низ призмата на владините медиуми, така што и тоа влијае на целокупната перцепција дека СДСМ се занимава само со себе си и со своите фракции“, додава аналитичарот Рамадан Рамадани.

При тоа, како што додава, СДСМ тука плаќа уште една цена бидејќи пропушта да биде предводник на антирежимскиот, а не само антивладиниот фронт, што од неа граѓаните го очекуваат во една ваква состојба во која се наоѓа државата.

Случувањата можат да имаат ефект на изборната математика иако тоа може да го амортизира вториот круг каде што би се обединиле дури и евентуално раздвоените гласови меѓу опозицијата и независниот кандидат, вели Здравко Савески. Од друга страна, се надева и дека сето ова може да донесе позитивен ефект врз најголемата опозициска партија во насока на преиспитување на неефикасноста во нивната стратегијата на делување и подготовка за изборите.
XS
SM
MD
LG