Достапни линкови

„Трето полувреме“ како изненадување во трката за Оскар


„Трето полувреме“, филмот на Дарко Митревски што за само два месеци во земјава го виделе над 60.000 гледачи, во сабота на 1 декември, во Лос Анџелес, ќе ја има првата официјална проекција за членовите на Американската академија, со што ја почнува кампањата за влез во потесниот избор на филмови кои што ќе се борат за наградата оскар за филм од неанглиско говорно подрачје.

150.000 евра дополнителни наменски средства од Филмскиот фонд и Владата на Република Македонија ќе бидат употребени во кампањата за промоција на „Трето полувреме“, македонскиот кандидат за оскар за филмови од неанглиско говорно подрачје, чиј официјален почеток ќе биде во деновите од претстојниот викенд.
Во нивната сала од 350 седишта ќе биде одржана свечена проекција овојпат, не само за членовите на Академијата, туку и за филмските критичари, колегите од разни синдикати од американската индустрија, како и за луѓето кои што посредно или непосредно го помагаа создавањето на овој филм, како што се Американскиот-еврејски комитет, Ју-ес-еј шоар вижуел фондејшн кои што ни ги отстапија оригиналните материјали со Нета Коен врз чија што животна приказна е базиран овој филм и разни други наши пријатели, блогери и поддржувачи.
Дарко Митревски, режисер.

Имено, на 1 декември, филмот на Дарко Митревски ќе ја има својата прва официјална проекција за членовите на Американската филмска академија кои одлучуваат за номинациите, пет дена подоцна ова ќе се повтори, но во организација на самата Академија, за да потем уследи и свеченото прикажување во Музејот на толеранција под покровителство на Центарот „Симон Визентал“ во Лос Анџелес.

„Во нивната сала од 350 седишта ќе биде одржана свечена проекција овојпат, не само за членовите на Академијата, туку и за филмските критичари, колегите од разни синдикати од американската индустрија, како и за луѓето кои што посредно или непосредно го помагаа создавањето на овој филм, како што се Американскиот-еврејски комитет, Ју-ес-еј шоар вижуел фондејшн кои што ни ги отстапија оригиналните материјали со Нета Коен врз чија што животна приказна е базиран овој филм и разни други наши пријатели, блогери и поддржувачи“, вели режисерот Дарко Митревски.
Кога ме прашуваат какви ни се очекувањата, ние не спаѓаме во фаворитите, но според она што се пишува за нас може да се случи да бидеме изненадување. Уште има да се трча во оваа крајно неизвесна трка. Засега ние сме оптимистични зашто до каде и да истрчате сте во ќар. Дури и да не стигнете до листата, стигнувате до промоција на филмот пред елитна публика и ги зголемувате шансите за добра гледаност и за што поголем број филмски критики и воопшто му помагате на филмот да биде забележан, што е најтешкиот дел од работата.
Дарко Митревски, режисер.

Тој дополнува дека филмот ќе биде прикажан и во Чикаго и во њујоршкиот „Линколн центар“, во јануари е планирано учеството на филмскиот фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија и на Еврејскиот филмски фестивал што се одржува во Мајами, на Флорида, а згора на тоа ќе бидат платени и реклами во најпознатите филмски магазини како „Варајати“, „Холивуд рипортер“ и други. Во рамките на ваквата засилена кампања ќе се одржат и два гала-настани на кои покрај „Трето полувреме“ ќе биде промовирана и Македонија како привлечна туристичка дестинација.

„Се прави една целосна кампања каква што досега мислам не се правела за да овој филм биде претставен во подеднакви услови и со подеднакво достоинство како и филмовите зад кои стојат големи дистрибутерски куќи“, истакнува режисерот.

Инаку, Американската филмска академија на 3 јануари наредната година најнапред ќе објави листа од девет филма од пристигнатите 71 во конкуренција, за да потем уследи конечната со петте остварувања кои ќе се борат за наградата оскар за филм од неанглиско говорно подрачје.

„Кога ме прашуваат какви ни се очекувањата, ние не спаѓаме во фаворитите, но според она што се пишува за нас може да се случи да бидеме изненадување. Уште има да се трча во оваа крајно неизвесна трка. Засега ние сме оптимистични зашто до каде и да истрчате сте во ќар. Дури и да не стигнете до листата, стигнувате до промоција на филмот пред елитна публика и ги зголемувате шансите за добра гледаност и за што поголем број филмски критики и воопшто му помагате на филмот да биде забележан, што е најтешкиот дел од работата“, потенцира Митревски.

Кон ова само уште информациите дека се преговара со две големи куќи за дистрибуција на „Трето полувреме“ во САД, дека интерес за негово прикажување постои во Австралија, Канада, Италија, Русија и во Индија, а по паузата од 12 дена поради одржувањето на фестивалот „Синедејс“, филмот се враќа во киното „Милениум“ каде досега го виделе околу 50.000 гледачи.

Покрај тоа деновиве ќе започне и неговото прикажување во уште осум градови во земјава, а Митревски очекува овој филм да ја надмине гледаноста на неговиот претходник „Балкан-кан“ кого во кино го виделе 120.000 љубители на филмот во земјава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG