Достапни линкови

Барак Обама реизбран за претседател на САД


Славење на Тајмс Сквер - Њујорк
Славење на Тајмс Сквер - Њујорк

Мит Ромни му честиташе на Барак Обама на реизборот за претседател. Републиканците ја задржија контролата врз Преставничкиот дом, а демократите врз Сенатот.

Барак Обама постигнал клучни победи во неколку т.н. неопределени држави
Според американските медиуми, како што јавува нашиот дописник Хедер Махер, Обама победил во Ајова, Мичиген, Њу Хемпшир, Пенсилванија и Висконсин, а освоил повеќе електорски гласови и во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, како и во државата на неговото детство, Хаваи.

Медиумите ја објавија победата на Обама:

САД медиуми - Обама победи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:03 0:00
Неговиот противкандидат Мит Ромни му го честиташе реизборот на Барак Обама.
„Јас го повикав претседателот Обама и му честитав на победата. Неговите подржувачи и неговата кампања заслужуваат честитки. Им посакувам добро на сите нив а посебно на претседателот, на првата дама и на двете ќерки“
Мит Ромни


„Јас го повикав претседателот Обама и му честитав на победата. Неговите подржувачи и неговата кампања заслужуваат честитки. Им посакувам добро на сите нив, а посебно на претседателот, на првата дама и на двете ќерки.“

Проекциите покажуваат дека Ромни победил во Северна Каролина, Тексас, Аризона, Луизијана и Џорџија.
Според овие информации, се предвидува дека Републиканската партија ќе ја задржи контролата во Претставничкиот дом, додека Демократската партија на претседателот Барак Обама ќе го задржи своето тесно мнозинство во Сенатот. Со тоа, двата дома на Конгресот повторно ќе бидат поделени меѓу партиите, што ќе продолжи да биде предизвик за Обама. Претседателот пак, побара уште еден мандат за да го заврши тоа што го започнал во 2008.

„Ние постигнавме многу за да се вратиме назад. Имаме уште многу работа за да го примениме здравствениот систем и да креираме работни места.“

Прослави и тага:
САД - прослави по победата на Обама
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00
Како натаму?

Во вториот мандат, според Кристофер Пребле од Като Институтот, претседателите водат сметка за наследството што го оставаат. Сакаат да заминат во историјата како популарни личности, а тоа пак секогаш има реперкусии врз нивните партии.
Ако претседателот сака да направи нешто во надворешната политика кое не во согласност со она што го сака јавноста тогаш тоа сериозно и наштетува на неговата партија. Тоа го видовме во вториот мандат на Џорџ Буш.
Кристофер Прибле, Като институт.

„Ако претседателот сака да направи нешто во надворешната политика кое не во согласност со она што го сака јавноста тогаш тоа сериозно и наштетува на неговата партија. Тоа го видовме во вториот мандат на Џорџ Буш кога противно на јавноста тој ја прошири војната во Ирак што им наштети на републиканците во 2006 и 2008“.


Обама, велат, ќе се фокусира врз домашната економија, реформите во банкарскиот систем, и климатските промени. Предизвиците како Кина, Иран, Авганистан, Русија и Азиско – пацифичкиот регион остануваат.

Обама за кабелската МСНБС изјави дека ако биде реизбран приоритет ќе биде планот за штедење и зголемување на даноците за богатите Американци.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG