Достапни линкови

Петров останува на чело на Регулаторна


Собранието не ја прифати интерпелацијата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров.

Димитар Петров останува претседател на Регулаторната комисија за енергетика, откако Собранието вечерва со 39 гласови „за“ и 56 „против“ не ја прифати интерпелацијата поднесена од опозицијата.

На гласањето му претходеше целодневна жестока расправа. Опозицијата побара разрешување на Петров затоа што во услови на криза, Регулаторната комисија ги зголеми цените на нафтата, струјата и парното.
Владата се согласува со ваквата политика на Регулаторната комисија за енергетика, затоа што со секое покачување на нафтата, струјата и парното се зголемуваат и приходите во буџетот по основ на данокот на додадена вредност, а се зголемуваат и приходите на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.
Марјанчо Николов, СДСМ.

Премиерот Никола Груевски и тогашниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чингоски го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ на 1 август 2012 година.
Премиерот Никола Груевски и тогашниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чингоски го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ на 1 август 2012 година.
​Марјанчо Николов од СДСМ вели дека интерпелацијата ја поднеле од неколку причини. Прво затоа што наместо Регулаторната да биде самостојно непартиско тело се претворила во тело во кое се вработуваат партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа затоа што комисијата носи одлуки на сомнитилен начин, по нејасна методологија, по членови кои не постојат во законот. Трето е затоа што Регулаторната наместо да се грижи за правата на граѓаните како потрошувачи, се однесува како заштитник на претпријатија од сферата на енергтиката и четврто затоа што владата не ја прифатила иницијативата и не ги разрешила членовите на Комисјата.
Комисијата во начинот на своето однесување е навистина независна и одлуките ги донесува со мнозинство на гласови. Не е точно дека работењето на комисијата е нетранспарентно како што вие кажувате.
Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

„Владата се согласува со ваквата политика на Регулаторната комисија за енергетика, затоа што со секое покачување на нафтата, струјата и парното се зголемуваат и приходите во буџетот по основ на данокот на додадена вредност, а се зголемуваат и приходите на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.“

Николов вели дека интерпелацијата треба да биде прифатена зашто одлуките на Регулаторната се против граѓаните и против стопанството.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров вели дека интерпелацијата е неоснована, неаргументирана и оти не е поткрепена со факти.

„Комисијата во начинот на своето однесување е навистина независна и одлуките ги донесува со мнозинство на гласови. Не е точно дека работењето на комисијата е нетранспарентно како што вие кажувате.“
За тарифите, граѓаните не се многу изненадени. ВМРО-ДПМНЕ во претходниот заборавен мандат ја укина летната и зимската тарифа, сега ја укина и дневната тарифа, уште малку и електричната енергија ќе ја укинат.
Радмила Шеќеринска, СДСМ.

Тој вели дека сите одлуки ги носат согласно законот и дека сите правилници и тарифни модели се одобрени од Енергетската заедница, а имаат и потврда дека се во согласност со хармонизирањето на македонското законодаваство со европското.

Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека Регулаторната комисија ги носи одлуките со согласност од владата.

„Регулаторна комисија одлучи цената на електричната енергија да ја зголеми за нешто помалку од десет проценти со што се потврдија сите шпекулации дека регулаторната комисија одлучува на тој начин што го врти телефон во владата. Аберот кој бил испратен од владата е дека Никола Груевски нема да се согласи на покачување над 10 проценти.“

Претеникот Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија рече дека Македонија има поевтина електрична енергија од сите држави во регионот.

„Точно е дека дневната евтина тарифа во Македонија е укината, но исто така треба да се каже дека таква евтина тарифа не постои во ниту една друга држава во регионот. За пример може да ја истакнем Србија, каде што не само што нема дневна евтина тарифа, нема ни викенд тарифа.“

За тарифите му реплицираше Шеќеринска:

„За тарифите, граѓаните не се многу изненадени. ВМРО-ДПМНЕ во претходниот заборавен мандат ја укина летната и зимската тарифа, сега ја укина и дневната тарифа, уште малку и електричната енергија ќе ја укинат.“

Пратениците од владејачката партија своите обраќање ги искористија да кажат за успесите на владата во енергетскиот сектор и да потсетат дека СДСМ се виновни за сегашната состојба затоа што го продале ЕСМ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG