Достапни линкови

Опозицискиот сојуз за иднината - најкоментирана тема


Митинг на здружената опозиција.
Митинг на здружената опозиција.

Темите за обединувањето на опозицијата и за најавите дека Јани Макрадули ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, а Жерновски за Центар, имаат најмногу коментари од читателите.

Граѓаните во земјава се зачудени, исплашени и револтирани: од последниот куриозитет на јавниот сервис МРТ кој почна да испраќа сметки за радиодифузна такса на секој член од семејството, на луѓе што со години не живеат во земјава, на луѓе со години починати... Ама, нели, Македонија и сè е можно.
Ова не е видено, го одраа народот... чекаме такса и за воздухот што го дишеме, само, ако, малку му е на овој народ.
Коментар на читател.

Никола од Струмица пишува дека од сега, радиодифузна такса требало да плаќаат и синот и снаата кои веќе неколку години живеат во друга држава, па се чуди како сметки нема и за внуците кои никогаш не стапнале во таа куќа.
Двојни сметки за радиодифузна такса.
Двојни сметки за радиодифузна такса.

Стојмир од Битола вели, наздравје бричење, Македонијо, што очекувате од човек осуден поради неплаќање на своите обврски, и тоа кон своите вработени, а Цаца од Скопје коментира: „Ова не е видено, го одраа народот... чекаме такса и за воздухот што го дишеме, само, ако, малку му е на овој народ...“
Ако мојата иднина и иднината на Македонија зависи од оваа групација на лидери на партии, тогаш крајот ни е премногу блиску.
Коментар на читател.

Имаме ново прашање во нашиот Хајд парк: „Дали верувате во економските успеси на Владата и колку тие успеси ги чувствувате врз вашиот стандард?“. Владо им забележува на пензионерите од видеоанкетата дека само се жалеле. „Тие барем си работеле додека беше комунизмот, па сега имаат пензии, какви такви. Што да речат младите, ни работа, ни леб. Нив ништо не им е скапо, економската ситуација не ги интересира, бидејќи не се економски независни.“

Ако политичарите го слушаат народот, веројатно ќе прават помалку грешки во своите мандати. По информацијата дека опозицијата се обедини „За иднината на Македонија“, пак Владо од Скопје пишува: „Ако мојата иднина и иднината на Македонија зависи од оваа групација на лидери на партии, тогаш крајот ни е премногу блиску.“

Јани Макрадули кандидат за градоначалник на Скопје, Жерновски за Центар - и колку сакате коментари од вас, почитувани. Аце смета дека тоа е првоаприлска шега, некој Бум најпријателски му порачува на СДСМ да ги тргне Макрадули, Шеќеринска, Игор Шема, Бучковски, Црвенковски, Данева, Јовановски затоа што биле антипатични, како Влатко Ѓорчев во ВМРО-ДПМНЕ, и дека со нив илјада години не ќе направеле ништо. Јован пишува дека и самиот Црвенковски знаел дека Макрадули не го сакале ниту во СДСМ, а Шабан од Тунгузија смета дека СДСМ со овој избор повторно самиот се убива. „Променете ја вашата структура, челните лица се омразени од народот“ - порачува Шабан. Но некој слушател потпишан со Сигма од Македонија, смета дека СДСМ го избрал вистинскиот кандидат за Скопје и дека стравот во ДПМНЕ, како што пишува, е јасен и дека партијата била пред делириум.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG