Достапни линкови

Турски туристи во Охрид го славеа Курбан Бајрам


Туристи од Турција во посета на Охрид за муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Туристи од Турција во посета на Охрид за муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Повеќе од 3.000 турски туристи за муслиманскиот празник Курбан Бајрам го посетија Охрид и Македонија.

Турските туристи го преплавија Охрид за муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Повеќе од 3.000 Турци изминативе неколку дена се во посета на Македонија. Други пак во Македонија останаа само три дена бидејки како дел од балканска тура направија обиколка речиси на целиот Балкан.
Во Охрид најмногу ми се допаѓаат старовремските куќи и сокаците во стариот дел на градот и ми личат на Италија. Во Скопје воопшто не ми се допаѓаат новите споменици на плоштадот и мислам дека тоа не личи на ништо.
Турист од Истанбул.

Туристичките водичи од Турција и туристите од оваа земја велат дека со Македонија ги врзува историјата и културата но и блиските пријателски односи кои традиционално постојат помеѓу двете држави.

„Македонија е популарна по историјата и по спомениците кои ги поседува како оние од античкиот период од времето на Александар Македонски така и оние од турскиот период“, вели Ахмед Олтуј туристички водич од Истанбул.

На туристите кои деновиве ги запоседнаат рестораните и хотелите во Охрид градот им се допаѓа, но не и новите споменици во Скопје.
Македонија треба да ја искористи таа шанса, бидејки тие се дестинациите на Балканот. Мислам дека ќе има одлевање на турски туристи од Хрватска во Македонија. Можеби треба да се направи една специјална програма за турските гости, но тоа е работа на агенциите и тур операторите.

Владо Суклоски, туристички работник.

„Македонија ни се допаѓа поради многуте споменици кои ги има од времето на Отоманското царство и од другите империи. Среќен сум што имав можност нашиот празник Бајрам да го дочекам овде“, рече еден турист од Истанбул.

„Во Охрид најмногу ми се допаѓаат старовремските куќи и сокаците во стариот дел на градот и ми личат на Италија. Во Скопје воопшто не ми се допаѓаат новите споменици на плоштадот и мислам дека тоа не личи на ништо“, вели турист од Истанбул.

Дополнителен мотив за турските граѓани да доаѓаат во Македонија е што голем број од нив имаат потекло од овие краишта, а цели населби во неколку турски градови се населени со луѓе со македонско потекло. Сопствениците на дуќани во старата охридска чаршија, велат дека Турците се добри потрошувачи, но оти знаат да се поценкаат за да намалат во цена.

„Знаете какви се Турците, сакаат малку да спуштат во цена. Често ги има во Охрид, посебно кога е празник“, вели Мирјана Мишева, сопственик на дуќан.

Владо Суклоски туристички работник, вели дека Македонија треба да го искористи влезот на Хрватска во ЕУ, за каде во иднина на Турците ќе им требаат визи.

„Македонија треба да ја искористи таа шанса, бидејки тие се дестинациите на Балканот. Мислам дека ќе има одлевање на турски туристи од Хрватска во Македонија. Можеби треба да се направи една специјална програма за турските гости, но тоа е работа на агенциите и тур операторите“, вели Суклоски.

Инволвираните во туризмот очекуваат дека 2012 година ќе се заврши со позитивен биланс и бројка поголема од 30.000 туристи од Турција кои годинава ја посетиле Македонија.
XS
SM
MD
LG