Достапни линкови

Мозаик со ликот на Тоше Проески во Прилеп


Мозаик со ликот на Тоше Проески во Прилеп.
Мозаик со ликот на Тоше Проески во Прилеп.

Мозаик со ликот на Тоше Проески е откриен во Прилеп на 5-годишнината од смртта на македонската музичка ѕвезда.

Во чест на 5-годишнината од смртта и во спомен на големото животно дело на македонската поп икона Тоше Проески, во Прилеп е откриен мозаик со неговиот лик. Авторот Ристо Тошески, истакнува дека инспирацијата за ова грандиозно дело со димензии од 5 на 2.80 метри настанала уште додека Тоше беше жив. Непосредноста, харизмата, чесноста, човечноста и хуманоста, која, вели, извирала од Тоше, го мотивирала да го направи ова уметничко дело.
Првиот момент кога разбрав дека починал, едноставно некој немир, некој гнев, некој жал и солзи сами почнаа сами да течат, и затоа и делото го крстив „Солза“, обидувајќи се да ја доловам приказната колку што можам за него.
Ристо Тошески, автор на мозаикот.

„Првата беше уште кога пееше на почетокот, и ние бевме негови вљубеници, бевме и во посета, а на „Мелфест“ кога победи, потоа во Крушево се сретнавме еднаш со сопругата бевме заедно“, се сеќава Тошески со восхит на секој поминат миг со македонската поп икона.
Тоше Проески.
Тоше Проески.

Затоа, вели, веста за неговата трагична смрт на 16 октомври кај Градишка во Хрватска, како и милиони други негови фанови на Балканот не го оставила рамнодушен.
Да сфатат и тие што идат и овде генерации што излегуваат, што ние сме имале, значи ваква грандиозна личност во сите димензии да го земеш, како уметник, како човек, како хуманист е многу тешко... беше прв што практично помагаше, концертот го пее, парите ги донира и се знае што купил, ако се обидуваме барем малку да го имитираме треба во тој контекст, едноставно практично во неговата хуманост.
Ристо Тошески, автор на мозаикот.

„Првиот момент кога разбрав дека починал, едноставно некој немир, некој гнев, некој жал и солзи сами почнаа сами да течат, и затоа и делото го крстив „Солза“, обидувајќи се да ја доловам приказната колку што можам за него“, додава Тошески.

Спонтано, на почетокот без конкретна цел, почнал да го создава со камчиња од бел, црн мермер и гранит неговиот лик. Вградил прилепски, српски, кинески, дури и африкански камен во ова дело, доловувајќи ја и на тој начин вонвременската димензија и светска слава, но и загуба со заминувањето на македонската музичка легенда. И како одминувало времето, истакнува авторот, се создавало делото. Секој сегмент зрачи со симболика која го доловува ликот и делото на Проески. Зад неговиот лик се наоѓа ангелот од Курбиново, мече какво што му подаруваат и денес неговите фанови, 26 цвеќиња, кои се симбол за неговата возраст, најдолу е испишана неговата порака „Ве сакам сите“, а на врвот цреша со дел од неговата најпопуларна песна постхумно. Мозаикот го краси центарот на Прилеп.

„Тој е поставен пред него има едно езерце и тоа е во форма на солза, треба да се отсликува неговиот лик, зависно од која страна сонцето, сенката паѓа, околу ќе биде оплеменето, има доволно големина за да може во исто време да уживаат повеќе луѓе, донесовме природни камења, рекарски, се поставени, доловивме еден убав амбиент, треба да се постават и две врати, симболиката претставува Светото Тројство“, вели Тошески, којшто преку овој мозаик, сака да ја пренесе својата порака до сите идни генерации, до сите посетители од Македонија и странство.

„Да сфатат и тие што идат и овде генерации што излегуваат, што ние сме имале, значи ваква грандиозна личност во сите димензии да го земеш, како уметник, како човек, како хуманист е многу тешко... беше прв што практично помагаше, концертот го пее, парите ги донира и се знае што купил, ако се обидуваме барем малку да го имитираме треба во тој контекст, едноставно практично во неговата хуманост“, истакнува Тошески.

А, по повод 5-годишнината од трагичната смрт на Тоше, и годинава група млади маратонци кои тргнаа од Нова Градишка, пристигнаа на неговиот гроб, оддавајќи му почит на музичкиот великан.

Во Спомен куќата на Гумење не прекинува реката фанови и туристи кои со тага ги гледаат сите предмети, гардероба, инструменти, колекции што ги користел, оставаат пораки со сентименти за Тоше, чувствувајќи ја неговата загуба.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG