Достапни линкови

Опозицијата се обедини „За иднината на Македонија“


Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција. Стојанче Ангелов (Достоинство), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Бранко Црвенковски (СДСМ), Андреј Жерновски (ЛДП), Раде Милососки (ОМ). Хотел Холидеј Ин Скопје.
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција. Стојанче Ангелов (Достоинство), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Бранко Црвенковски (СДСМ), Андреј Жерновски (ЛДП), Раде Милососки (ОМ). Хотел Холидеј Ин Скопје.

Македонскиот дел од опозицијата, односно коалицијата на СДСМ, ЛДП, ВМРО-НП, Достоинство и Обединети за Македонија, и формално се обедини „За иднината на Македонија“.

Опозицијата и формално се обедини во Сојуз посветен „За иднината на Македонија“. Договорот го потпишаа лидерите на четирите партии од политичката десница, ЛДП, ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство, и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски кој го стави својот потпис во име на партиите од опозицискиот фронт. На потпишувањето на договорот во скопскиот хотел Холидеј ин присуствуваа претставници на потесните претседателства на партиите.
За жал, во овие шест години Македонија не е нити нормална, нити демократска држава. Токму тој факт и потребата тоа да се смени го направија невозможното - и возможно и неопходно.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

Во своите обраќања, сите лидери нагласија дека се здружуваат против оваа власт за да ги вратат демократските процеси во земјава. Според нивните зборови, стандардот на граѓаните е во голем пад, слободите и правата постојат само за луѓето од власта, а европските вредности се само декларативни заложби.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Ова не е празник на една партија. Јас сум ВМРО, сите ние сме ВМРО, но не сме ДПМНЕ.
Андреј Жерновски, лидер на ЛДП.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски рече дека не е спорно дека за одредени прашања партиите кои се обединуваат имале и сè уште имаат различни гледишта и позиции и оти во минатото воделе политички битки. Но, и покрај тоа, решивме да се обединиме зашто предизвикот пред кој е исправена Македонија не е борба за власт туку за државата. Иднината на Македонија е поважна од навредите и конфронтациите рече Црвенковски.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„За жал, во овие шест години Македонија не е нити нормална, нити демократска држава. Токму тој факт и потребата тоа да се смени го направија невозможното - и возможно и неопходно.“

Многумина поставуваа прашања зошто токму на денот на македонската револуционерна борба опозицијата ја формализира својата соработка. Па токму затоа, рече Андреј Жерновски од ЛДП, оценувајќи дека идеалите на ВМРО како обединување, достоинство и човекови права денес ги нема во Македонија.

Отстапувам и од нешто што можеби никаде нема да го прочитате, меѓутоа тоа секогаш требало во овие години, а тоа е суетата, како што видовте, денеска сум со сина машна.
Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО-НП.

„Ова не е празник на една партија. Јас сум ВМРО, сите ние сме ВМРО, но не сме ДПМНЕ.“

Според Жерновски, има многу одговори зошто овие партии влегуваат во коалиција, а меѓу нив ја посочи, како што кажа, опседнатоста на владата со минатото наместо со иднината.

Нешто што до скоро беше неприродно, денес стана толку вообичаено, рече лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, коментирајќи го обединувањето на опозицијата. Ако пред 10 години се слушнеше дека Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски пиеле кафе, тоа тогаш ќе беше чуден настан, рече Георгиевски. Во оваа коалиција, тој се огради дека има лични интереси најавувајќи дека нема да се кандидира како министер, пратеник или градоначалник.

„Отстапувам и од нешто што можеби никаде нема да го прочитате, меѓутоа тоа секогаш требало во овие години, а тоа е суетата, како што видовте, денеска сум со сина машна.“

Раде Милосовски од Обединети за Македонија и порача на владата дека многу судии треба да одговараат поради процесите против нивниот лидер Љубе Бошкоски кој е во затворот во Идризово.

„Иако Македонија е кандидат за ЕУ и НАТО, во Македонија има политички затвореник како што е Тимошенко во Украина.“

Стојанче Ангелов од Достоинство ја искажа својата разочараност од својата некогаш матична партија ВМРО-ДПМНЕ поради односот кон бранителите. И покрај грешките во минатото, наидовме на разбирање со лидерите од опозицијата за решавање на овие прашања, рече тој.

„ВМРО-ДПМНЕ се сврте и против мене и против нас бранителите, дури се дрзна да го проверува моето боледување и да ми праќаат најразлични контроли како јас да не бев навистина ранет во таа крвава 2001 година.“

До обединувањето доаѓа откако пред четири месеци лидерите на овие политички субјекти имаа неформални средби. Заедно ќе настапуваат на локалните избори и на парламентарните идни избори. Здружувањето е на неколку денови пред митингот на СДСМ во Скопје на 28 овој месец.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG