Достапни линкови

ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир


Унијата и нејзините лидери преку 60 години придонесуваат за мирот, за помирувањето, за демократијата и за човековите права во Европа, изјави преседавачот на Нобеловиот Комитет Тхорнбјорн Јагланд.

Како што денеска соопшти Нобеловиот Комитет во Осло, Нобеловата награда за мир за 2012 година и се доделува на ЕУ поради над шестдеценискиот придонес за мир, помирување, демократија и човекови права во Европа.

„Унијата и нејзините лидери преку 60 години придонесуваат за мирот, за помирувањето, за демократијата и за човековите права во Европа“, изјави преседавачот на Нобеловиот Комитет Тхорнбјорн Јагланд.

​Портпаролот на Европската комисија, Пиа Ахренкилде Хансен, изјави дека признанието на Нобеловиот Комитет, кој денеска на ЕУ и ја додели годинашната награда за мир, е дојдено во вистинскиот момент кога ЕУ стои пред големи предизвици.

„ЕУ е мировен проект кој го инспирира светот и кој може да испрати порака за надеж во светот.“
Нобеловата награда за мир за ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00
За преседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпеј, ова е призание за улогата на ЕУ како најголем мировник во историјата. Комитетот го наградува, како што се вели, помирувањето по Втората Светска Војна, па потоа и процесот на проширувањето кое денеска се движи кон Балканот.

Има и такви кои не се согласуваат со оваа одлука на Комитетот во Осло. Ветеранот за човекови права во Москва Људмила Алексеева ја критикува одлуката велејќи дека награда за мир треба да им се дава на борци за човекови права или политички затворениуци како на пример во Русија или Иран а не на политички блок.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG