Достапни линкови

Без домаќинлак училиштата ќе останат без греење


Илустрација.
Илустрација.

Многу училиштата имаат проблеми со греењето пред стартот на грејната сезона. Некои од нив должат и милиони денари на добавувачите. Градоначлниците порачуваат централана власт да ги покрие со дотации, но и да се штеди и да се работи домаќински, за да не седат децата дома.

Грејната сезона која почнува од 15 октомври секојдневно покренува голем број прашања за едно училиште. Дали парите кои им ги префрла централната власт ќе бидат доволни да се плати, било да се работи за електрична енергија, нафта, дрва или други огревни материјали.
Средните училишта кои се греат на нафта, а немаат можност за конекција на гас, бидејќи се уште мрежата не е стигната до таму ќе имаат проблем, бидејќи сите тие должат енормно големи суми. Полнењето на касата заради оваа финансиска состојба во Македонија не е адекватна, не сме во можност да ги покриеме тие дупки во образованието.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Не сум сигурен дека таа исплата ќе тече редовно и квалитетно, бидејќи моментално во кумановските училишта долговите кон добавувачите се над 50 милиони денари, вели градоначалникот Зоран Дамјановски. Според неговите зборови, мала предност е што во шест поголеми училишта имаат поврзаност со мрежата за гас.

„Средните училишта кои се греат на нафта, а немаат можност за конекција на гас, бидејќи се уште мрежата не е стигната до таму, ќе имаат проблем бидејќи сите тие должат енормно големи суми. Полнењето на касата заради оваа финансиска состојба во Македонија не е адекватна, не сме во можност да ги покриеме тие дупки во образованието.“
Верувајте дека со промена на дограмата, односно на столаријата, се заштедуваат 20, можеби и 30 проценти на енергија. Во таа смисла треба да се подобрат самите грејни системи во училиштата, бидејќи често пати и тука се одзема одредена енергија. Меѓутоа во секој случај јас мислам дека со поголема економија и штедење, училиштата ќе работат беспрекорно.
Марјан Ристевски, градоначалник на Прилеп.

Централната власт и по закон за финансирање е должна да ги покрива наменските дотации каде има историски долгови од пред 4 години. Други градоначалници сметаат дека има училишта кои трошат голема количина енергија и тоа на неекономичен начин. Залудно се троши енергија и поради застарената дрвенарија. Локалните власти блиски на владата се повеќе предупредуваат дека има потреба од домаќинско и економично работење.

Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп ја анализира потрошувачката на енергија во училиштата и открива дека во таа општина со тековно реновирање само мал дел имаат застарена дрвенарија.

„Верувајте дека со промена на дограмата, односно на столаријата се заштедуваат 20 можеби и 30 проценти на енергија. Во таа смисла треба да се подобрат самите грејни системи во училиштата, бидејќи често пати и тука се одзема одредена енергија. Меѓутоа во секој случај јас мислам дека со поголема економија и штедење, училиштата ќе работат беспрекорно.“

Локалните власти од Арачиново наведуваат дека исто така и централната власт штеди на сметка на училиштата со тоа што не го зголемува приливот на пари неколку години, иако секојдневно на берзите расте цената на енергенсите.

„Мали проблеми ќе има, но за тоа треба да се размислува уште претходно. Може да има и ребаланси и рецесии меѓутоа не смееме да направиме утка и да ги оставиме децата да мора да седат дома“, вели Басри Бајрами, градоначалник на Арачиново.

Во изминатите неколку години има училишта кои се судираат со проблеми со греење со стартот на грејната сезона. Неколку од директорите оваа година добија пријави од добавувачите поради неплатени долгови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG