Достапни линкови

Ромни подобар од Обама во првата нивна дебата


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот републикански ривал во трката за Белата куќа Мит Ромни ја одржаа првата од предвидените три дебати. Според анкетите и експертите, Ромни подобро ја искористил можноста да им се претстави на американските гласачи.

Деведесетминутната дебата беше фокусирана врз домашни прашања, пред се економијата, вработувањето и владиниот дефицит. Претседателот Обама изјави дека тој има поинаква визија од неговиот предизвикувач Ромни.

Прашањето тука вечерва не е каде бевме, туку каде одиме. Гувернерот Ромни вели дека имаме перспектива ако ги намалиме даноците и го запоставиме здравството. Јас имам друг поглед.
Барак Обама, претседател на САД.
„Прашањето тука вечерва не е каде бевме, туку каде одиме. Гувернерот Ромни вели дека имаме перспектива ако ги намалиме даноците и го запоставиме здравството. Јас имам друг поглед.“

Обама смета дека од голема важност е да се инвестира во образованието, да се развијат нови извори на енергија и да им се помогне на малите компании. Според Ромни, ваквите политики на Обама, не се вистинскиот одговор за Соединетите Држави.

„Претседателот има многу сличен поглед како и оној кога влезе во трката пред четири години, односно дека ќе успее да се справи со кризата со поголема влада, со зголемено трошење и со повисоки даноци. Тоа не е вистинскиот одговор за Америка.“

Претседателот има многу сличен поглед како и оној кога влезе во трката пред четири години, односно дека ќе успее да се справи со кризата со поголема влада, со зголемено трошење и со повисоки даноци. Тоа не е вистинскиот одговор за Америка.
Мит Ромни, кандидат за претседател на САД.
Ромни ги демантира наводите на Обама дека планира намалување на даноците за богатите. Тој го обвини претседателот Обама за огромниот буџетски дефицит, за кој оцени дека веќе станал морално прашање.

„Мислам дека тоа не е само економско прашање. Мислам дека тоа е и морално прашање. Мислам дека не е морално за мојата генерација да трошиме многу повеќе од она што го имаме, а знаејќи дека товарот ќе и биде префрлен на идната генерација.“

Обама изјави дека со огромниот дефицит се соочил уште кога влегол во Белата куќа и оти работите се влошиле со економската криза.

„Кога влегов во Овалната соба, ме поздрави дефицит од трилион долари. И знаеме од каде тој дојде. Од двете војни кои ги плативме, од двете кратења на даноците, од цел куп непотребни програми и од економската криза.“

Првичните анкети по дебатата покажаа дека Ромни подобро бил примен од гледачите. Тоа го вели и Чарлс Матисијан експерт за национална политика во Вашингтон.

„Ова беше критичен момент за Мит Ромни и тој навистина ја искористи можноста. Мислам дека тој се претстави како добраз познавач на работите, беше содржаен за некои важни прашања, но и енергичен токму колку што е неопходно.“

​Матисијан додава дека можеби не станува збор за драматична промена преку ноќ, но оти првата дебата на извесен начин ќе им ги зголеми надежите на републиканците дека можат да успеат на изборите на 6 ноември. Дотогаш Обама и Ромни ќе треба да одржат уште две дебати.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG