Достапни линкови

Почнува Генералното собрание на ОН


Во Њујорк денеска почнува 67 заседание на Генерaлното собрание на Обединетите нации. Меѓу денешните говорници се и претседателите на Соединетите Држави и на Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе се обрати в четврток.

Светските лидери ги започнаа активностите во рамките на годинашното Генерално собрание на Обединетите нации. Покрај билатералните средби и традиоциналните приеми дел од нив учествуваа и на специјалната седница на Светската организација посветена на владеење на правото.
Сведоци сме дека некои членки со право на вето одбраа молк за нуклеарните глави на еден лажен режим, а во исто време го попречуваат научниот прогрес на друга земја.
Махмуд Ахмадинеџад, претседател на Иран.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги обвини Обединетите нации дека ги штитат нуклеарните боеви глави на Израел и покрај тоа што таа земја одбива да признае дека поседува такво оружје.

„Дискриминаторската привилегија на правото на вето што ја уживаат некои членки на Советот за безбедност нема легитимитет и затоа Советот не успеа да воспостави правда и да обезбеди одржлив мир во светот. Сведоци сме дека некои членки со право на вето одбраа молк за нуклеарните глави на еден лажен режим, а во исто време го попречуваат научниот прогрес на друга земја.“
Поширокото тело на меѓународното право развиено во Обединетите нации и дава на меѓународната заедница основа за соработка и мирно решавање на конфликтите. Со развојот на механизмите за одговорност, воените злосторници никогаш нема да најдат безбедно пристаниште во современиот свет.
Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН.

Како протест за ваквите наводи на Ахмадинеџад, израелската делегација ја напушти седницата.

Претходно, тој изјави дека Иран е подготвен да се брани од евентуален израелски напад, додавајќи дека еврејската држава нема корени на Блискиот Исток и оти треба да биде елиминирана.

Иранскиот лидер, исто така, ги обвини членките на Советот дека ја користат повелбата на Обединетите нации за да го оправдаат молкот во врска со антиисламското видео кое предизвика протести во светот.

„Божествените пророци и небесните религии кои се заедничко наследство на човештвото треба да бидат почитувани со закон во сите општества, со што ќе бидат избегнати конфликтите кои доведуваат до омраза, војни и непријателства меѓу луѓето.“

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го предупреди Ахмадинеџад на опасноста од ваквата запалива реторика, додавајќи дека владеењето на правото треба да се користи како основа за мирно решавање на конфликтите.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

„Поширокото тело на меѓународното право развиено во Обединетите нации и дава на меѓународната заедница основа за соработка и мирно решавање на конфликтите. Со развојот на механизмите за одговорност, воените злосторници никогаш нема да најдат безбедно пристаниште во современиот свет.“

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле кој овој месец е претседавач на Советот за безбедност, пак, изјави дека Советот мора да обезбедува спроведување на санкциите.

„Санкциите остануваат важен инструмент за одржување и обнова на меѓународниот мир и безбедност.“

Генералното собрание на Обединетите нации ќе трае до први октомври.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG