Достапни линкови

Берзата ја почувствува рецесијата уште пред да се објави


Илустрација.
Илустрација.

Прогласената рецесија нема значајно да влијае на цените на акциите, бидејќи трендовите од првите два квартали годинава веќе се отсликаа во вредноста на компаниите кои котираат на македонската берза, велат дел од брокерите.

Прогласената рецесија нема значајно да влијае на цените на акциите, бидејќи трендовите од првите два квартали годинава веќе се отсликаа во вредноста на компаниите кои котираат на македонската берза, велат дел од брокерите.
Не гледам некоја посебна реакција на пазарот. Она што реално може да го придвижи пазарот е доколку се подобри состојбата во останатите два квартала, како што е очекувањето и на државните органи.
Горан Марковски, инвестицискиот советник .

Инвестицискиот советник Горан Марковски вели дека прогласувањето рецесија е нешто што веќе се случило.

„Не гледам некоја посебна реакција на пазарот. Она што реално може да го придвижи пазарот е доколку се подобри состојбата во останатите два квартала, како што е очекувањето и на државните органи, меѓутоа и на некои статистички организации кои укажуваат дека до крај на година би требало да имаме раст на Бруто домашен производ и тоа секако ќе се одрази врз компаниите.“

Ако се земе пазарот како индикатор, се добива мотив повеќе за инвестирање во акции, вели Марковски.

Мислам дека веќе се антиципирани негативните економски движења и дека веќе се инкорпорирани во цените на акциите. Затоа не би очекувал голема промена на цените на акциите на македонската берза.
Јованче Тасковски, директор на брокерска куќа.
„Барем во овој период кога сведоци сме дека македонскиот пазар на капитал се одликува со едно летаргично и анемично тргување коешто за жал се сведува на минимални обеми, индексот на цените веќе неколку месеци е на некое ниво близу минималните од 2009-та година.“

Во изминативе неколку години на продажната страна на македонската берза доминантни се странските инвеститори, а во периодов немаше раст на економијата и во нивните држави, вели Јованче Тасковски, директор на брокерска куќа.

„Мислам дека веќе се антиципирани негативните економски движења и дека веќе се инкорпорирани во цените на акциите. Затоа не би очекувал голема промена на цените на акциите на македонската берза.“

Времето е секако за купување, вели Тасковски.

„Затоа што имаме веќе ниски цени.“

Шестмесечниот преглед на индексот на десетте најликвидни компании на берзата покажува надолен тренд, феномен кој е познат како мечкин пазар.
XS
SM
MD
LG