Достапни линкови

Дневен печат - Разбранувани меѓуетнички односи


Делегацијата на владата на Македонија предводена од заменик претседателот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во Слупчане.
Делегацијата на владата на Македонија предводена од заменик претседателот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во Слупчане.

Меѓуетничките односи и поскапувањата на струјата, парното и горивата се во фокусот на интерес на дневните весници.

Насловот во Утрински „Разврска или нов заплет?“ ги отсликува настаните што ја одбележуваат неделата зад нас рефлектирани и во медиумите како нивен најголем интерес. „Недела на нови етнички тензии поради прекрстувањето на училиштата и отворање собраниска дебата за бранителите“ - и „Исцртани опасни етнички линии во Парламентот“ - додава Утрински.
Недела на нови етнички тензии поради прекрстувањето на училиштата и отворање собраниска дебата за бранителите.
Утрински весник.

Истиот весник ја објавува и изјавата на Стојанчо Ангелов од Достоинство, кој му порача на премиерот да не глуми патриот предлагајќи старо-нов закон.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.

„Законот за бранителите ги распали страстите во Собранието“ - забележува Вечер, а Дневник насловува: „Пратениците се поделија, лидерите на потег“.
Расте незадоволството од високите цени на енергенсите - граѓаните нема да плаќаат парно!
Вечер.

„Расте незадоволството од високите цени на енергенсите - граѓаните нема да плаќаат парно!“ - форсира Вечер, и „Струјата и парното ја отворија инфлаторната спирала“ - објавува исто така Вечер, информирајќи дека цените на мало во август годинава бележат зголемување за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани.

Нова Македонија од глобално ниво се фокусира врз овој проблем, па го објавува предупредувањето на Светска банка дека поради големите суши во САД и во другите делови на светот, цената на храната во јули на светско ниво пораснала за 10 проценти во статијата со наслов: „Светските игри со храната ја демнат и Македонија“.

„Набавката на полициски возила се претвора во сапуница - при третиот обид зделката ја доби Порше, а противникот Ка-дис најави жалби. Ќе има ли четврта аукција?“ - прашува Утрински.

Дневниот Фокус од свои извори дознава дека „Аџиев лови нов капителец за лустрација - на удар ќе биде професор и колумнист во улога на наводен налогодавец на кодошите“.

Дневник го објавува сознанието на Советот за радиодифузија дека „Јавни функционери имаат акции во телевизиите Телма и Алфа“, а Утрински истата информација ја објавува со наслов: „Проверка или притисок врз Алфа и Телма?“.

Престојот на претседателот Иванов во Брисел детално се следи од медиумите, исто како и роуд-шоуто на премиерот во САД и во Канада. „Филе си го скрши јазикот, Расмусен го брани идентитетот“ - насловува Дневник, а Утрински вели: „Филе стави точка на ’македонски‘ - настапот на еврокомесарот ги задоволи сите суети во Македонија и им стави крај на грчките и на бугарските негации“.

И како за крај, пак нешто во стилот дека кај нас сè е можно: „Скопје доби проширени булевари, но новите сообраќајници се добредојдени за обложување - се тркаат во раните утрински часови за 500 евра!“, објави Дневник.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG