Достапни линкови

Законот за бранителите ставен пред пратениците


До сега предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ привлече голем интерес во јавноста откако ДУИ најави дека како краен чекор може да ја напушти коалицијата доколку законот се изгласа без нивните амандмани кои се однесуваат на посебните права на борците на ОНА.

Дали ќе има предвремени парламентрани избори или не? Клопчето почна да се одмотува, одговорот лежи во изгласувањето на Законот за бранителите, кој денеска е ставен пред пратениците. Прва собраниска комисија која денеска ќе го разгледува предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили е комисијата за труд и социјална политика. Следни се комисиите за одбрана и безбедност и за политички систем.
Положени цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001, 07 август 2012.
Положени цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001, 07 август 2012.

До сега предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ привлече голем интерес во јавноста откако ДУИ најави дека како краен чекор може да ја напушти коалицијата доколку законот се изгласа без нивните амандмани кои се однесуваат на посебните права на борците на ОНА.

Откако паднаа најавите, глас на коалицијата не и се слушна, од ВМРО ДПМНЕ постојано тивко велат дека коалицијата функционира во најдобар ред, додека на терен, пак, работите и не се баш така. Премиерот Никола Груевски по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети замина на роуд шоу во САД и Канада без да понесе во својата делегација претставник на ДУИ, односно албанските економски промотори и министерот за економија Ваљон Сарачини си останаа во Македонија.

Неофицијално од ДУИ се слушаат најави дека во собранието покрај блокадата на донесувањето на овој закон со илјадници амандамани можни се и блокади на сите законски предлози што доаѓаат од Владата, како и целосно парализирање на институциите, односно секаде каде што ќе биде потребен бадентер за носење на некаква одлука, тој да се примени за да се блокира нејзиното донесување.
Во оваа фаза не може да се поднесуваат амандмани се до второто читање на законот.
Министерот за одбрана положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово
Министерот за одбрана положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово

СДСМ на почетокот најави дека ќе ги поддржи ВМРО- ДПМНЕ по ова прашање затоа што тоа го предлагале во 2008-мата година.

Доставувањето на законот за бранителите во Собрание од ВМРО-ДПМНЕ е реакција на настанот во Слупчане каде што министерот за одбрана Фатмир Бесими, заедно со претставници на АРМ положи цвеќе пред споменикот на ОНА.
Од ВМРО-ДПМНЕ, по настанот соопштија дека со тој потег е нанесена штета на меѓуетничките односи, како и дека тоа е обид за добивање ситни партиско-политички поени.

„Во која било држава во светот не може да се прифати како визионерски чин или лидерство доколку униформирани членови на армијата се поклонат пред оние кои убиваа нивни колеги пред само единаесет години. Тоа може да биде само отворање стари рани“, беше наведено во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Американската амбасада тогаш оценија дека потегот на Бесими, е храбар, визионерски и патриотски и дека треба да придонесе за залечување на раните кај двете страни од конфликтот.

Во меѓувреме ситуацијата кулмираше деновиве со преименувањето на четирите чаирски основни училишта без дозвола на министерот за образование. Следуваа оправдувања од двете страни за настанот како и најави за истраги. Еврокомеасарот за проширување Штефан Филе на вчерашната прес конференција во Брисел изјави дека се потребни активности за јакнење на меѓуетничките односи врз база на целосно спроведувањее на Охридскиот договор.

Според аналитичарите ова однесување на двата партнери во власта, неизоставно води кон предвремени избори. Опозицијата смета дека доколку има предвремени избори идеално време за нивно оддржување е заедно со локалните избори кои се планирани за в март догодина.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG