Достапни линкови

Македонија (не)конкурентна како лани


Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“.
Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“.

Македонија го задржа 80-то место за глобална конкурентност. За експертите, таквата позиција не е позитивна.

Тоа што Македонија е рангирана на 80 место од вкупно 144 држави во најновиот извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум, за опозицијата е знак дека владата неуспешно ги спроведува економските политики. Експертите, пак, велат дека и покрај економската криза, таквата позиција на Македонија не е позитивна. Според владата, Македонија за разлика од другите земји ја задржала конкурентноста на постоечкото ниво во услови кога сите економии во регионот бележат пад.
Сметам дека е неуспех за политиките на владата, којашто постојано се бомбардира со реклами дека многу се прави да оди земјата напред, дека економските реформи не запираат, а кога тоа треба да се потврди со конкретни примери станува очигледно дека не сме напреднале.
Марјанчо Николов, СДСМ.

Пратеникот на СДСМ и претседател на собраниската комисија за финансирање и буџет Марјанчо Николов вели дека владата не треба да се фали со тоа што Македонија е на истото место како и лани, бидејќи тоа значи дека домашната економија воопшто не напреднала.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“

„Сметам дека е неуспех за политиките на владата, којашто постојано се бомбардира со реклами дека многу се прави да оди земјата напред, дека економските реформи не запираат, а кога тоа треба да се потврди со конкретни примери станува очигледно дека не сме напреднале и за жал стоењето во место, значи дека покрај економската криза и овие мерки на владата не се успешни.“

Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека по две децении на транзиција една земја која е во Европа би требало да се рангира повисоко.
Тоа секој кој ќе види оценува дека има еден голем број на луѓе кои не можат да најдат работа, а тоа сигурно означува дека постојат некои ригидности во целата економија.
Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.

„Тука пред сè се ценат тие реални фактори. Кога станува збор за Македонија од една страна се гледа колкави се извозните можности на земјата, колку институционалната структура е способна да го помага тој брз развој пред се на извозниот сектор.“

Глигоров додава дека проблем е и тоа што во Македонија има многу висока стапка на невработеност, која изнесува околу 30 отсто.

„Тоа секој кој ќе види оценува дека има еден голем број на луѓе кои не можат да најдат работа, а тоа сигурно означува дека постојат некои ригидности во целата економија.“

Според Николов, Владата треба да примени друга стратегија.

„Владата треба да се насочи кон директна поддршка на одделни сектори коишто имаат силен потенцијал за економски развој и тие да ја повлечат и другата економија и полека да се воведуваат стандарди и технологии кои значат намалување на трошоците, а зголемување на обемот на производство и со самото тоа подобрување на конкурентноста на македонската економија.“

Во извештајот, како најконкурентни држави во светот се рангирани Швајцарија, Сингапур, Финска, Шведска и Холандија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG