Достапни линкови

Приказната за изгубениот рај на Марина Лешкова во МСУ


Слика на македонската сликарка Марина Лешкова.
Слика на македонската сликарка Марина Лешкова.

„Приказна за изгубениот рај“ е насловена изложбата на Марина Лешкова што од 4 до 21 септември ќе се одржи во Националната установа Музеј на современа уметност во Скопје.

Во моето сликарство до оваа изложба доминантна беше темна, земјена гама бои. Од таму оваа постановка, во некоја рака, е мое освестување затоа што сега направив ретроспектум на светли бои – вели уметницата Марина Лешкова, која од 4 до 21 септември, во Националната галерија Музеј на современа уметност во Скопје, на ликовната публика ќе и ја претстави својата интимна „Приказна за изгубениот рај“ - посветена на починатиот сопруг.

„Кај мене , во оваа приказна, доминатни се патувањата како нарација. Значи сите оние светли мигови кои што сум ги имала со сопругот.“
Уметноста е како човечка судбина. Се раѓаме, живееме и не знаеме што не очекува. Во нашите дела доминантна е интимата. Ние неа не ја криеме. Таа е со јак тоналитет и ги одвојува тие парцели на тага, на љубов и на радост.
Марина Лешкова, сликарка.

Таа дополнува дека сега во преден план ги ставила жолтата боја како живот, енергија, радост, снага и напредок..., црвената како среќа, топлина и страст, розевата како женственост, нежност и девственост, сината која ги симболизира мудроста и интегритет и зелената боја како обележје на рајот и оаза на убавината и на животот воопшто.
Слика на македонската сликарка Марина Лешкова.
Слика на македонската сликарка Марина Лешкова.

„Уметноста е како човечка судбина. Се раѓаме, живееме и не знаеме што не очекува. Во нашите дела доминантна е интимата. Ние неа не ја криеме. Таа е со јак тоналитет и ги одвојува тие парцели на тага, на љубов и на радост. Животот е повторно раѓање и затоа како Феникс мораме да се издигнеме од пепелта и мораме да размислуваме само за убави работи.“

Претходната изложба се одржа во 2005. Јас нив секогаш ги поврзувам со нешто интимно што значи дека не правам изложби секоја година колку да се прават. За мене не е битен квантитетот туку квалитетот. Тоа е доминантната одредница во моите претставувања. Кај мене е битна личноста и душата во делата. Секогаш има омаж за одредена личност.
Марина Лешкова, сликарка.
Родена во Скопје, Марина Лешкова во 1984 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности и на Историја на уметност со археологија на Философскиот факултет. Таа зад себе има бројни колонии и групни претставувања и пет самостојни изложби, а добитник е на повеќе значајни награди како „Димитар Андоновски Пандилов“ што во 1999 година и ја додели ДЛУМ за македонско ликовно творештво мал формат.

На актуелната постановка „Приказна за изгубениот рај“ уметницата претставува 33 дела, акрил на платно и на штица, кои се настанати во изминативе седум години по нејзиното последно претставување во Битола, во галеријата „Јени џамија“.

„Претходната изложба се одржа во 2005. Јас нив секогаш ги поврзувам со нешто интимно што значи дека не правам изложби секоја година колку да се прават. За мене не е битен квантитетот туку квалитетот. Тоа е доминантната одредница во моите претставувања. Кај мене е битна личноста и душата во делата. Секогаш има омаж за одредена личност.“

Лешкова истакнува дека оваа нејзина изложба е во одреден смисол е пресудна и дека во иднина нема да прави подолги паузи оти, како што вели, за секој уметник е убаво неговите дела да биде прикажани и на други поднебја. Притоа дополнува дека постојат договори „Приказна за изгубениот рај“ наскоро да патува, но исклучува да говори за тоа сè додека идеите не бидат пред чинот на нивна реализација.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG