Достапни линкови

Мултиетнички против сиромаштијата


Да бидеме реални гладниот стомак во Република Македонија веќе почнува да не го интересира пред какви гробови се поклонуваат министрите и што всушност се гради на Кале, туку едноставно дали тој стомак ќе продолжи да биде гладен или дали ресурсите кои што се наменети за тој стомак во туѓи стомаци односно туѓи џебови, вели Мариглем Демири од координативното тело на „АМАН“ во Битола.

Гладниот стомак не го интересираат етнички или политички поделби, туку сака да знаае дали и натаму ќе остане празен или може да се снајде за преживување. Ова е основната за обединување на граѓаните против новите поскапувања на цените на струјата, парното и горивата кои ќе повлечат и поскапување на основните прехранбени продукти, велат членовите на граѓанската иницијатива „АМАН.“
Многу подобро би било кога сите заедно интегрирани да се бориме да ни се остатварат барањата кои ги доставивме.
Мариглем Демири, „АМАН“, Битола.
Мариглем Демири од координативното тело во Битола на оваа иницијатива, вели дека токму паролата „Лебот ни го зедовте“, укажува на обединувањето на граѓаните во барањето за подобар животен стандард.

„Лебот како релација на сите таканаречени социјални, религиски и онтолошки карактеристики. Да бидеме реални гладниот стомак во Република Македонија веќе почнува да не го интересира пред какви гробови се поклонуваат министрите и што всушност се гради на Кале, туку едноставно дали тој стомак ќе продолжи да биде гладен или дали ресурсите кои што се наменети за тој стомак во туѓи стомаци односно туѓи џебови.“

Како пример за обединување тој го спомнува протестот во Тетово каде што Албанците и Македонците излегоа да бараат намалување на цената на горивата и струјата.

Од друга страна пак во скопската населба Чаир е најавен протест за в петок кој не е дел од оваа иницијатива.

Александар Гочев од скопското координативно тело на „АМАН“, вели дека се уште не стапиле во контакт со здружението на албански електричари, но би го поддржале нивниот протест доколку имаат барања слични на нивните.

„Ќе ја испитаме ситуација, доколку барањата се согласуваат со оние кои „АМАН“ како граѓанска иницијатива ги предложи за прифаќање, тогаш ќе го поодржиме нивниот протест бидејќи, треба заедно да се бориме за оние права кои ни следуваат и за достоинството кое треба да го имаме како граѓани.“

Демири вели дека него лично не му се допаѓаат паралелизмите, затоа што поскапувањето е нешто што ги засега сите граѓани.

„Многу подобро би било кога сите заедно интегрирани да се бориме да ни се остатварат барањата кои ги доставивме.“
АМАН од поскапувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Професор Илија Ацески вели дека е скептичен, кога станува збор за обединување на граѓаните по кој било основ па макар и борба против сиромаштија. Причини за тоа е поделеноста на народот, недоволно развиено граѓанско општество и незаинтересираноста на граѓаните да преземат нешто поради феноменот „залуден е обидот“. Но доколку граѓаните навистина се обединат во своите барања, тогаш партиите се тие кои што ќе сакаат да го злоупотребат и растурат.

„Владечките партии не се заинтересирани за тоа, односно се ќе направат за да не дојде до тоа, во тоа е проблемот. Партијата ја губи својата улога и се зголемува опасноста опозицијата да го преземе тоа. Партиите се задоволни кога ги држат граѓаните во своите на некој начин кажано партиски трла и лесно да се контролираат но кога ќе излезат од таму е тогаш е малку потешко. “

И овој протест како и останатите обиди за граѓански иницијативи не помина без етикети. Вчера премиерот Никола Груевски се огради од одговорност на Владата за поскапувањата енергенсите затоа што за нив била надлежна Регулаторната Комисија.

„Во последно време забележувам дека СДСМ преку одредени свои членови кои се собрани во некакво здружение се обидуваат да исценираат одредени протести, пред се раководени од членови на СДСМ и на здруженијата коишто се финансирани од соросовите фондации кои исто така сакаат да создадат слика дека Владата ги одредува овие цени и дека Владата е виновна за тоа,“ изјави Груевски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG