Достапни линкови

Нова онлајн лустрација - стари маки


Дел од членовите на комисијата за лустрација сè уште го сметат за нелегитимен претседателот Томе Аџиев, сметат дека законот е противуставен и бараат комисијата да престане со работата додека Уставниот суд не се произнесе за новите одредби.

Најдоцна до петок треба да бидат објавени имињата на единаесеттемина „кодоши“ на интернет страната на Комисијата за верификација на факти. На интернет ќе бидат објавени решенијата со кои е утврдена соработката на „кодошите“ со тајните служби и документите, според кои, комисијата одлучила да прогласи некого за соработник со тајните служби во минатиот систем.
Во овој закон не се запазува принципот на презумпција на невиност, затоа што со ова објавување на имиња на она што треба ние да го правиме според новиот закон, ние го кршиме и тој принцип на презумпција на невиност, зашто што тоа решение од комисијата не е конечно и нема судска завршница. Затоа да причекаме институцијата Уставен суд, пред која се покренати иницијативи, да реши, а не да обвиниме, а после да биде ’пу, пу не важи‘.
Чедомир Дамјановски, Член на комисијата за лустрација.

Со донесувањето на новиот закон за лустрација со кој овој пат се опфаќаат таканаречените олигарси започнаа и старите проблеми. Дел од членовите на комисијата сè уште го сметат за нелегитимен претседателот Томе Аџиев, сметат дека законот е противуставен и бараат комисијата да престане со работата додека Уставниот суд не се произнесе за новите одредби.
Претседателот на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.
Претседателот на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.

„Во овој закон не се запазува принципот на презумпција на невиност, затоа што со ова објавување на имиња на она што треба ние да го правиме според новиот закон, ние го кршиме и тој принцип на презумпција на невиност, зашто што тоа решение од комисијата не е конечно и нема судска завршница. Затоа да причекаме институцијата Уставен суд, пред која се покренати иницијативи, да реши, а не да обвиниме, а после да биде ’пу, пу не важи‘“, вели Чедомир Дамјановски, член на комисијата за лустрација.

Претседателот на Комисијата Аџиев смета дека членовите кои се противат на новиот закон и новиот начин на работа на лустраторите, всушност не сакаат да се спроведе процесот.
Тие го знаат мојот мандат каков е и не е ни проблем тоа, само наоѓаат некои такви ситни заврзлами за да прават проблем. А мандатот мој воопшто не е спорен, а ниту, пак, е битен во таа работа. Јас си имам еден глас како и сите членови во комисијата и никому ништо.
Томе Аџиев, претседател на Комисијата за лустрација.

„Пуштени се во комисијата, или по нивно барање дојдени се тука само за да го попречуваат процесот на лустрација, ништо повеќе, тоа им е нивната агенда.“

РСЕ: Тие повторно го оспоруваат вашиот мандат како претседател.

„Па тоа нема блага врска, тие го знаат мојот мандат каков е и не е ни проблем тоа, само наоѓаат некои такви ситни заврзлами за да прават проблем. А мандатот мој воопшто не е спорен, а ниту, пак, е битен во таа работа. Јас си имам еден глас како и сите членови во комисијата и никому ништо“, вели Аџиев.

Дел од експертите сметаат дека целиот процес на лустрација служи само за жигосување, јавен прогон на неистомислениците на власта, политичка пресметка и бесплатен театар за народот.

Пензионираниот пратеник Стојан Андов, кој беше предлагач на првиот закон за лустрација од 2008 година вели дека законот изглегол надвор од основната цел, а тоа е спречување соработниците на тајните служби што ги кршеле човековите права и слободи повторно да дојдат на функција.

„Сега ова е нешто друго, ова може да прерасне во општа хајка. Мислам дека ќе се сврти работата, луѓето ќе се окупираат со други работи. Компромитирана е идејата за лустрација, ова ќе бидат политички пресметки, а не лустрација“, вели Андов.

Со новиот закон ќе се лустрираат и бизнисмените што стекнале над пет отсто од државните фирми со приватизацијата за време на транзицијата и нивните имиња, по три дена откако комисијата ќе прогласи некој од нив за соработник на тајните служби, ќе бидат објавени на интернет.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG