Достапни линкови

Албанци-политички затвореници од комунизмот протестираат, ДУИ се чуди


Албанците-политички затвореници од времето на комунизмот бараат да им се исчистат досиејата и да добијаат отштета за времето поминато во затвор. Се противат на законот за рехабилитација предложен од ДУИ.

Албанците затвореници од времето на комунизмот со излегувањето на мирниот протест пред зградата на владата бараат од министрите да го имаат предвид нивниот предлог закон, кој предвидува на овие луѓе да им се исчистат досиејата и да добијаат од 2.000 до 6.000 денари отштета за секој ден поминат во затвор.
Нашиот закон лежи по фиоките на парламентарните групи во Собранието уште од 2005-та година. Ние имаме некои контакти со ДУИ и некои најави дека спремаат некој предлог закон. Го гледавме нивниот предлог закон, тој е многу површен и непрофесионално изработен и поради тој факт ние продолжуваме со нашите активности.
Шпатим Положани, Здружение на Албанци затвореници од времето на комунизмот.

Протестот доаѓа по најавите на ДУИ дека подготвува закон за рехабилитација. Од тогаш и едните и другите почнаа спроведување на наведените цели. ДУИ започна комуникација на оваа тема со ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа перспектива, решенијата на ДУИ се чинат непрофесионални, изјави Шпатим Положани кој е на чело на Здружението.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Нашиот закон лежи по фиоките на парламентарните групи во Собранието уште од 2005-та година. Ние имаме некои контакти со ДУИ и некои најави дека спремаат некој предлог закон. Го гледавме нивниот предлог закон, тој е многу површен и непрофесионално изработен и поради тој факт ние продолжуваме со нашите активности.“
Легитимно право е да се протестира. Но ние не успеавме да дознаеме која е вистинскаат цел на овие активности. Ако главната цел е да се донесе закон за рехабилитација тоа ние го правиме, како пратеници кои се избрани од народот, но не на улица, туку во парламентот.
Талат Џафери, ДУИ.

Взаемните обвиненија произлегуваат од взаемните, сепак паралелни решнија. Од гледна точка на ДУИ за овие толкувања важи поинаква логика. Тие протестите ги гледаат како легитимни, но чудни.

„Легитимно право е да се протестира. Но ние не успеавме да дознаеме која е вистинскаат цел на овие активности. Ако главната цел е да се донесе закон за рехабилитација тоа ние го правиме, како пратеници кои се избрани од народот, но не на улица, туку во парламентот“, рече Талат Џафери.

Меѓутоа, останатите партии од албанскиот блок сметаат оти има причини кои во одредена мера го поддржуваат впечатокот дека однсите на ДУИ со Здружението на оваа тема одат кон разидување, а не кон соработка.

„ДУИ ветуваше дека ќе одат паралелно и законот за лустрација и законот за рехабилитација, тоа треба да има поддршка не само од пратениците на ДУИ, туку и од пратеницте на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уште ги проучуваат некои решенија што ги има во светот и не сум сигурен дека тие ќе ги поддржат“, изјави Изет Зеќири од Партијата за Национална демократска преродба.

Пред еден месец на една од седница на Комисијата за политички систем, на која Комисијата го даде на натамошно читање предлогот на законот за лустрација на седницата не присуствуваа пратеници од ДУИ. Тие тогаш најавија дека го доставиле до својот коалициски партнер нивниот текст изработен во соработка со здруженијата на Албанците за рехабилитација на жртвите од комунизмот.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш рекоа дека најважно е да се видат најдобрите европски пракси и врз основа на тоа заеднички да изградат став.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG