Достапни линкови

Бескрајно пропаѓање на македонските медиуми


Мапа на слободата на печатот на Репортери без граници
Мапа на слободата на печатот на Репортери без граници

Една година по шокот од затворање на опозициската телевизија А1 и неколкуте национални дневни весници, Репортери без граници ја повторија својата длабока загриженост за слободата на информирањето во Македонија.

Земјата влезе во турбуленција на која не и се гледа крајот. Медиумите се појавуваат и исчезнуваат на начин целосно неповрзан со потребите на пазарот.
Во исто време, новинарите и натаму работат во услови на економска небезбедност во медиуми финансирани од нејасни извори.
Причината за одземање на лиценцата на А2 дадена од страна на Советот за радиодифузија е апсурдна и нечесна.
Репортери без граници.

Во ситуација на се поголема напнатост меѓу Македонците и Албанците, двата последни настана ја зголемија загриженоста во врска со слободата на медиумите. Првиот е одземањето лиценцата на А2 и недостатоците на предлогот за декриминализација.

„Причината за одземање на лиценцата на А2 дадена од страна на Советот за радиодифузија е апсурдна и нечесна“, соопштија Репортери без граници.

Образложението за недоволно емитување програма, според Репортери без граници, ги засилува сомневањата околу независноста на Советот, кој беше ставен под контрола на владата со реформите во јули 2011 година.
Предлогот за легализација на медиумските прекршоци е голем напредок, но тоа во голема мера ќе има негативни ефекти поради големината на паричните казни кои се замена за затворската казна.
Репортери без граници.

Декриминализацијата: договор или привидна реформа?

По шест месеци на интензивна дебата, власта и Здружението на новинари постигнаа договор за предложените законски реформи за декриминализација на клеветата. Нацрт-законот ќе биде разгледан од страна на Советот на Европа и ќе биде предмет на јавна дебата пред да бидат доставени до Собранието на Република Македонија.

„Предлогот за легализација на медиумските прекршоци е голем напредок, но тоа во голема мера ќе има негативни ефекти поради големината на паричните казни кои се замена за затворската казна“, е ставот на Репортери без граници.

Европската унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Европскиот суд за човекови права нагласуваат дека казните наметнати за навреда и клевета мора да биде пропорционални инаку лошо платените новинари не ќе бидат способни да се борат против широко распространета самоцензура ако се соочуваат со можноста за казна која е десет пати поголема од големината на нивната просечна месечна плата“.

Според предлог-законот, клеветата повеќе нема да биде кривично дело казниво со затвор и со објавувањето на извинување или демант може да избегне казната.
Казните, пак, изнесуваат до 2.000 евра за новинари кои напишале навреда, до 10.000 евра за уредникот кој ја објавил и до 15.000 евра за сопственикот на медиумот. Репортери без граници бараат казните да бидат пропорционални согласно платите во Македонија.
Протест - „Стоп за судските притисоци врз новинарите“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG