Достапни линкови

Македонија добро се справува со трговијата со луѓе


Прес конференција во врска со извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе. Заменик началникот на Американската амбасада во Скопје Брајан Агелер, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за труд и социјална политика Спиро
Прес конференција во врска со извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе. Заменик началникот на Американската амбасада во Скопје Брајан Агелер, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за труд и социјална политика Спиро

Македонија, според Стејт департментот, се наоѓа во првата група на земји кои целосно ги почитуваат стандардите за борбата со трговија со луѓе.

Македонија се наоѓа во првата група на земји кои целосно ги почитуваат стандардите за борбата со трговија со луѓе. Ова е наведено во редовниот Годишен глобален извештај на Стејт департментот на САД. Но во извештајот е забележано и дека македонската влада не успеала да обезбеди доволно средства за жртвите и се препорачува таа да дејствува поактивно во однос на идентификација на жртвите и да се осигура дека нема да бидат депортирани или казнети.
Мора да се работи континуирано и со несмален интензитет, крајно сериозно пристапуваме во однос на информациите дека земјата и натаму е подложна на ризици, односно дека Македонија е извор, дестинација и транзитна земја на нелегална трговија со луѓе и присилна работа.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека војната со овој вид на криминал не се добива со една битка.

„Мора да се работи континуирано и со несмален интензитет, крајно сериозно пристапуваме во однос на информациите дека земјата и натаму е подложна на ризици, односно дека Македонија е извор, дестинација и транзитна земја на нелегална трговија со луѓе и присилна работа.“

Заменик американскиот амбасадор во земјава Брајан Агилер вели дека трговијата со луѓе ги засега сите земји и го погодува секој регион и според проценките има околу 27 милиони жртви во светот.

„Додека повторно се обврзуваме самите себе си да ставиме крај на модерното ропство, треба да застанеме за момент и да размислиме за тоа до каде сме стигнале во нашата земја и околу светот, но и да размислиме уште колку имаме да изодиме и да направиме за да најдеме начин да ги ослободиме оние 27 милиони жртви и да се осигураме дека нема да имаме жртви во иднина. “

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски вели дека во минатата година во Македонија имало 35 сторители на ова кривично дело. Додека евидентирани се 11 жртви на трговија со луѓе.

„Ние како министерство заедно со Министерството за внатрешни работи даваме максимум до 2012 - та година Македонија да го задржи истото ниво и да го задржи статусот, затоа што Македонија е во групата земји кои сериозно напредуваат и го одржуваат нивото на квалитет на задачата.“

Во првата група на Македонија друштво и прават Хрватска и Словенија. Во втората група каде делумно се почитуваат стандардите се наоѓаат другите земји од регионот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG