Достапни линкови

МРТВ јаде две парчиња од медумскиот колач


Со тоа што МРТВ ќе се финансира и од реклами, покрај од радиодифузната такса, се става во повластена позиција во однос на другите телевизии, велат експертите.

Македонската радио телевизија ќе биде во повластена позиција во однос на другите медиуми бидејќи не само што ќе добива пари од државата и од граѓаните, туку ќе може на програмата да емитува и реклами, велат експертите.
Во законот до 2005 година тоа беше многу убаво решено, затоа што се предивидуваше финансирање на МРТВ само од радиодифузна такса. Додека комерцијалните телевизии ќе си се финансираа од рекламите кои ги добиваат.
Мирче Адамчевски, новинар и поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Професор Весна Шопар вели дека зголемувањето на радио дифузната такса е потребно за да може јавниот сервис да функционира, но зголемувањето на процентот на рекламирање е неоспорно дека ќе влијае врз приватните телевии, бидејќи тоа им е единствениот извор на финансии.

„Тука тие во извесна смисла се поставуваат во нерамноправа положба меѓусебе и тоа го ремети балансат на медиумски пазар, што е неоспорно битно. “

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски, вели дека очигледно е оти владата решила да го поддржи јавниот сервис, но тоа треба да оди во насока на подобрување на техничката опрема. И според него измените во законот во однос на рекламирањето ќе претставува удар врз другите телевизии.
Меѓутоа очигледно е дека не е така и повторно станувам во скепса дека на овој начин ќе можеме да го решиме финансискиот проблем куќата само по себе, а притоа влегуваме во друга игра. Значи игра која на суптилен начин може да биде присутна. Значи голема зависност во работата, функционирањето, информирањето од владини и државни пари и функционирање по диктат на власта.
Весна Шопар, универзитетски професор.

„Во законот до 2005 година тоа беше многу убаво решено, затоа што се предивидуваше финансирање на МРТВ само од радиодифузна такса. Додека комерцијалните телевизии ќе си се финансираа од рекламите кои ги добиваат. “

Според Шопар, ова не е правиот начин да се реши проблемот на Македонската радио телевизија, туку државата треба да помогне да се затворат сите финансиски дупки и таа да почне да функционира од нула.

„Меѓутоа очигледно е дека не е така и повторно станувам во скепса дека на овој начин ќе можеме да го решиме финансискиот проблем куќата само по себе, а притоа влегуваме во друга игра. Значи игра која на суптилен начин може да биде присутна. Значи голема зависност во работата, функционирањето, информирањето од владини и државни пари и функционирање по диктат на власта.“

Адамчевски смета дека проблемот е кај комерцијалните телвизии кои за разлика од порано кога имаа здружение сега се оставени сами на себе.

„Така што тука јас вината ја наоѓам кај комерцијалните телевизии. Тие треба да бидат пообединети. Вака тие само губат.“

Експерите сметаат дека комерцијалните телевизиите треба сами да се изборат за парчето од колачот, особено оние кои се блиски на власта да лобираат за да ги заштитат интересите и на сите останати.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG