Достапни линкови

Дигитален сигнал за медиумите што имаат да платат


Илустрација.
Илустрација.

За една година македонскиот медиумски етер целосно треба да се дигитализира. Ќе има подобра слика, но малите медиуми што немаат да платат ќе се затворат.

Од 1 јуни 2013 година досегашната аналогна телевизија заминува во историјата. Антените по покривите на зградите и куќите ќе бидат минато. Македонскиот медиумски простор ќе се дигитализитра, а граѓаните ќе добијат подобри услуги, кристално чиста слика и беспрекорен звук.
Македонската радиодифузија како оператор има во својот проект доделување на тие set-top-box приемници за социјалните категории, мислам дека околу 40.000 е предвидено да се доделат на социјалните случаи во Македонија бесплатно.
Роберт Ордановски, директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски рече оти одлагање повеќе нема, а избран бил и операторот кој ќе ги нуди услигите. Ордановски уверува дека граѓаните кои имаат постари телевизиски приемници не треба да стравуваат, бидејќи ќе може да си набават т.н сет-топ боксови коишто се приклучуваат на ТВ приемниците и со нив може да се направи конверзија од дигитален во аналоген сигнал.
Зоран Здравковиќ, сопственик на М-Икс радио од Охрид.
Зоран Здравковиќ, сопственик на М-Икс радио од Охрид.

„Македонската радиодифузија како оператор има во својот проект доделување на тие set-top-box приемници за социјалните категории, мислам дека околу 40.000 е предвидено да се доделат на социјалните случаи во Македонија бесплатно“, рече директорот Ордановски.
Многу ТВ локални станици ќе престанат со работат. Ќе не можат да го издржат финансиски притисокот. Ќе останат само оние кои се, според мене, под капата на буџетот. Човек од Совет за радиодифузија и подготвувач на еден ваков закон со проста реченица ми рече, сите три телевизии да се соберат во Охрид не ќе можат да одговорат на овој предизвик.
Зоран Здравковиќ, сопственик на М-Икс радио од Охрид.

Дигитализацијата нема да има само позитивни ефекти. Таа најмногу ќе удри врз локалните телевизиски станици. Поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат медиумите во земјава некои од нив можно е да престанат и да функционираат“, смета Зоран Здравковиќ, сопственик на М-Икс радио од Охрид, инаку добар познавач на приликите во медиумскиот бизнис.

„Ова е еден од оние закони кои ќе направат селективност во медимското небо во Македонија. Многу ТВ локални станици ќе престанат со работат. Ќе не можат да го издржат финансиски притисокот. Ќе останат само оние кои се, според мене, под капата на буџетот. Човек од Совет за радиодифузија и подготвувач на еден ваков закон со проста реченица ми рече, сите три телевизии да се соберат во Охрид не ќе можат да одговорат на овој предизвик“, рече Здравковиќ.

Медиумите ќе треба да извршат комплетна промена на системот. Граѓаните со различно мислење за дигитализацијата.

„Јас сум спремен за дигитализацијата. Очекуваме подобра слика, подобар квалитет, тонски“, рече еден граѓанин.

„Дигитализацијата треба да биде нешто ново, што ќе го подобри квалитетот на сигналот на сликата. Не сум многу упатена што се ќе добиеме со дигитализацијата“, рече друг граѓанин.

На двапати досега рокот за дигитализација на медиумите во Македонија беше пролонгиран. Инаку во Охрид се одржува Втората меѓународна регулаторна конференција на која се презентираат најновите достигнувања на АЕК и идните стратегиски цели.
XS
SM
MD
LG