Достапни линкови

Безидејна опозиција или игнорантска власт?


Лидерите на СДСМ и на ЛДП, Бранко Црвенковски и Андреј Жерновски.
Лидерите на СДСМ и на ЛДП, Бранко Црвенковски и Андреј Жерновски.

Власта обвинува дека опозицијата само критикува, но не нуди алтернатива. Опозицијата, пак, тврди дека нуди решенија, но не може да стигнат до јавноста оти има блокада на информативниот простор.

Опозиција без компас, само критики без конкретни решенија, вака власта гледа на обидите на опозицијата да настапат со решенија за одредени проблеми. Власта во опозицијата гледа главни виновници за сè - сиромаштија, невработеност, меѓународната изолација. Опозицијата, пак, смета дека за сè нудат конкретни решенија, оти во спротивно народот нема да им верува ако само критикуваат.
Ако во Македонија најголем проблем се невработеноста и сиромаштијата, тогаш приоритет број еден е сите мерки да бидат во насока на намалување на таа невработеност и сиромаштија, а тоа не може да се постигне ако нема драматичен скок на инвестициите, државата треба во многу поголема мерка да ги помага инвестициите, при што треба да води многу, многу повеќе сметка за домашните инвеститори кои се ставени на маргините.
Зоран Јовановски, СДСМ.

Во СДСМ велат дека предлагаат низа мерки како да се преживее 2012-та година, но владата не сака да ги прифати. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски вели дека што се однесува до економската политика, тие како партија ќе се фокусираат на суштината, а не на формата, или на ПР-аспектот.

„Ако во Македонија најголем проблем се невработеноста и сиромаштијата, тогаш приоритет број еден е сите мерки да бидат во насока на намалување на таа невработеност и сиромаштија, а тоа не може да се постигне ако нема драматичен скок на инвестициите, државата треба во многу поголема мерка да ги помага инвестициите, при што треба да води многу, многу повеќе сметка за домашните инвеститори кои се ставени на маргините“, вели Јовановски.

Тој додава дека треба да се води сметка и за економскиот амбиентот, но не само да се носат регулативи, туку и да се мери како тие функционираат.
Никој не бара да се промени името, ние бараме референцата ФИРОМ за да промени, а не во Устав да се промени.
Тито Петковски, НСДП.

„Добар економски амбиент значи апсолутна сигурност за инвеститорите, во секој поглед и второ, во поглед на амбиентот еднаш засекогаш да ја искорениме корупцијата во општеството. Третата работа е, Македонија има ресурси, не само финансиски, туку и други кои се неискористени и сите тие ресурси треба паметно да се искористат и да се стават во функција на тоа земјата да има поголем економски раст, од кој раст сите во земјата ќе го чувствуваат благодетот.“

Предлагаме мерки кои ќе бидат директно во функција на стопанството, како инфраструктура, гасовод, електроенергетски објекти кои ќе го забрзаат стопанството, а не трошење пари за непродуктивни цели како што тоа го прави власта, вели Тито Петковски од НСДП. Тој вели дека се подготвени на планот на евроатлантските интеграции да прават компромисни решенија и да жртвуваат дел од својот рејтинг за сметка на подобра иднина.

„Никој не бара да се промени името, ние бараме референцата ФИРОМ за да промени, а не во Устав да се промени.“

Од опозицијата велат дека нудат алтернативна политика, но таа тешко доаѓа до народот затоа што, според нив, има блокада на информативниот простор.

Со конкретно решение за спорот за името излезе само Љубчо Георгиевски, кој смета дека Република Северна Македонија е достоинствено решение за надминување на проблемот со името и со интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG