Достапни линкови

Значајни претстави на фестивалот Војдан Чернодрински


Театарската претстава „Калигула“ во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.
Театарската претстава „Калигула“ во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Без оглед кој ќе ги добие наградите на жири комисијата, одиграни беа значајни, тешки и доблесни пиеси, коишто публиката ги следеше со восхит, а се бараше и место повеќе, оценува Петар Темелкоски, селектор и уметнички директор на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.

Драматизации на Пушкин, Чехов, Бомарше, Ками, Булгаков, Крле и други познати и признати со светско реноме писатели годинава беа поставени на репертоарот на 47-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Интересот за фестивалот, за драмската уметност е огромен, така што ние побаравме да се донесат и голем број пластични столици, за да може да ги поставиме. Не сакаме ниту еден гледач да се врати, дури и оние кои не стигнале да си набават карта, дури и тие кои што не можат да си набават од едни или други причини, сакам, амбицијата ми е за секој гледач фестивалот да биде достапен.
Петар Темелкоски, селектор и уметнички директор на фестивалот Војдан Чернодрински.

Според оценката на селекторот и уметнички директор на фестивалот, Петар Темелкоски, без оглед кој ќе ги добие наградите на жири комисијата, одиграни беа значајни, тешки и доблесни пиеси, коишто публиката ги следеше со восхит, а се бараше и место повеќе.
Актерот Петар Темелкоски, уметнички директор на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.
Актерот Петар Темелкоски, уметнички директор на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.

„Интересот за фестивалот, за драмската уметност е огромен, така што ние побаравме да се донесат и голем број пластични столици, за да може да ги поставиме. Не сакаме ниту еден гледач да се врати, дури и оние кои не стигнале да си набават карта, дури и тие кои што не можат да си набават од едни или други причини, сакам, амбицијата ми е за секој гледач фестивалот да биде достапен“, изјави Темелкоски.

Прилепската публика со овации ги награди сите 13 претстави на македонските театри во официјална конкуренција.

„Театарските игри придонесуваат за културниот развој на државата, има доста посетители, театри од цела Македонија.“
Прилепските глумци можам да ги пофалам, зашто доследно ги застапуваат старата генерација, ние сме следеле театарски претстави многу, меѓу кои и Калигула и многу ни се допадна.
Посетител на фестивалот.

„Прилепските глумци можам да ги пофалам, зашто доследно ги застапуваат старата генерација, ние сме следеле театарски претстави многу, меѓу кои и Калигула и многу ни се допадна.“

„Во секој случај добро е што во Прилеп театарските претстави се доста застапени“, велат дел граѓани, кои со години го следат фестивалот.

Меѓу нив е и Тодорка Петреска. Таа смета дека фестивалот во текот на својот 47-годишен раст, понудил многу квалитетни претстави и има голем придонес за културната понуда и имиџ на градот домаќин.

„Ги следиме сите театарски претстави, од годинава во година, забележуваме разлика, значи од почеток досега, колку има свежина во театарот во однос на млади и образовани актери и тоа е за честитка. Ние сме воодушевени од претставите, оди напред театарот. И чест ни е градот Прилеп што е домаќин на театарските игри, секогаш. Тоа е голем успех.“

Годинешната театарска фешта завршува со свечено доделување на наградите на најуспешните, во чија чест театарот „Комедија“ од Скопје ќе ја изведе претставата „Ах љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG