Достапни линкови

Бегањето од одговорност - најмасовен спорт


Протест против полициска бруталност во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Протест против полициска бруталност во Скопје.

Политичката одговорност во Македонија е мисловна именка. Во овие 20 години независност само еден министер си дал оставка поради морална одговорност.

Убиството на Мартин Нешкоски, бродската несреќа во Охрид, смртта на 66 новороденчиња за само три месеци, операциите Детонатор, Монструм, неприемот во ЕУ и НАТО. Навидум различни случаи, но тие имаат нешто заедничко, за ниту еден од нив никој не помислува на политичка одговорност. Но политичката одговорност за нас е редок случај. Така било од секогаш. Никој не понесе одговорност ни за атентатот на Киро Глигоров, ни за авионската несреќа на Борис Трајковски, ни за аферата прислушкување.
Поимот оставка во Македонија не постои. Имавме и војни и разни кризи и разни убиства и разни катастрофи, ниту еден министер, политичар, градоначалник или било кој друг профил на политичар не се осмели да поднесе оставка.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Категоријата политичка одговорност е несфатлива во Македонија. Политичките партии ги тренираат своите кадри да бидат одговорни само кон партијата, а да заборават на секоја друга одговорност, вели професор Алајдин Демири.
Бродска несреќа во Охрид во која загинаа 15 бугарски туристи во 2009 година.
Бродска несреќа во Охрид во која загинаа 15 бугарски туристи во 2009 година.

„Поимот оставка во Македонија не постои. Имавме и војни и разни кризи и разни убиства и разни катастрофи, ниту еден министер, политичар, градоначалник или било кој друг профил на политичар не се осмели да поднесе оставка.“

Афоризмот - Бегањето од одговорност кај нас е најмасовен спорт, многу добро ја опишува целата ситуација, вели професор Јове Кекеновски. Кога се зборува за одговорност, треба да се наведе дека таа може да биде политичка, матријална, морална, кривична, објаснува професор Кекеновски.
Во комунизмот функционерот не дава оставка, чека да го сменат, а потоа да го рехабилитираат. Чинам дека тој став од комунизмот некако ни си повторува.
Јове Кекеновски, универзитетски професор.

„Ние не можеме да се пофалиме дека сме многу одговорни, дека сме одговорно општество, ниту пак како јавност бараме одговорност од нашите министри. Штом на прсти може да наброиме за сите одговорности кои ги имале политичарите во Македонија, јасно кажува дека не водиме многу внимание за одговорноста. Во иднина треба да се поработи на тоа и новинарите и целокупната јавност треба да инсистираат на орговорност.“
Никој не понесе одговорност ни за атентатот на претседателот Киро Глигоров во 1995 година.
Никој не понесе одговорност ни за атентатот на претседателот Киро Глигоров во 1995 година.

Примерите кога некој се повлекол од министерска функција во Македонија поради одговорност се бројат на прсти, вели Кекеновски. Тој додава дека има чувство оти се враќа мислењето карактеристично за комунизмот дека функционерите се полубогови.

„Во комунизмот функционерот не дава оставка, чека да го сменат, а потоа да го рехабилитираат. Чинам дека тој став од комунизмот некако ни си повторува.“

А ако дојде до тоа безгрешниот да згрешил и кога треба да се направи измена и тука не се прави како што треба, вели професор Демири.

„Кога се прави измена се прави на многу перверзен начин, како унапредување, уназадување. Партиите имаат проблем со логиката, а таа логика функционира затоа што веќе прераснала во платформа на политичко делување.“

Министерката Јанкулоска не поднесе оставка по убиството на Мартин Нешкоски. МВР тврди дека не само што немало пропусти туку убиството е решено за помалку од 24 часа. Сепак од Движењето за полициска бруталност не се согласуват со тоа. Тие продолжуваат со протестите и една година по смртта на Нешкоски и бараат политичка одговорност.

За разлика од Македонија, во светот се поднесува оставка за плагијати на докторски дисертации, за авионски или железнички несреќи, за кои министерот сигурно дека не е виновен, но ја презема одговорноста затоа што бил направен пропуст во неговиот ресор.

Романски министер за труд поднесе оставка од „морални причини“ по откривањето дека под неприфатливи околности ја вработил својата сопруга, а оставка поднела и неговата сопруга.

Полскиот министер за одбрана Богдан Клич си поднесе оставка по авионската несреќа во која загина тогашниот полски претседател Лех Качински и уште 95 луѓе кај Смоленск.

Минатата година јапонскиот министер за здравство поднесе оставка, само една седмица по неговиот избор на оваа функција, откако беше изложен на остри критики поради неговите изјави и однесување при посета на регионите во Јапонија погодени од земјотрес и цунами. Министерот при посетата на погодените области изјавил дека Владата ќе им помогне само на оние региони кои ќе достават добри предлози за реконструкција. Уште еден негов колега, овојпат за правда, поднесе оставка, откако јавно се пошегувл на сопствена сметка, затоа што рекол дека кога одговара на пратенички прашања треба да запомни само две реченици: „Не коментирам поединечни случаи“ и „Тоа прашање го решаваме во согласност со законот и доказите“.

Тројца министри во Владата на индиската држава Карнатака поднеле оставки бидејќи гледале порно клип за време на владина седница. Кај нас, пред неколку месеци на насловната страна на еден весник осамна фотографија од пратеник кој пишува сладострастна СМС порака за време на собраниска седница, но никому ништо.

Пред два месеци, унгарскиот претседател Пал Шмит поднесе оставка на функцијата, поради скандалот со плагијатот на наговата докторска дисертација. Претходно поради иста причина оствака си даде и германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг.

Главниот обвинител на Литванија Дариус Валис си поденесе оставка откако повреди жена во автомобилска незгода. Ваков сличен случај имавме пред некој месец и кај нас, кога градоначалникот на општина Старо Нагоричане удри пешак кој подоцна почина, а градоначалникот побегнал од местото на несреќата.

Претседателот на Германија, Кристијан Вулф, на почетокот на годинава си поднесе оставка откако беше облелоденето дека прифатил услуга и бил со сопругата на одмор на туѓа сметка.

Унгарскиот министер за транспорт, телекомунуикации и енергетика Пач Сабо во 2008-та поднесе оставки по железничка несреќа во која загинаа четири луѓе, а 26 беа повредени. Истата година, министерот за внатрешни работи на Индија Шивраџ Патил поднесе оставка, преземајќи ја моралната одговорност за терористичките напади во Мумбаи во кои загинаа речиси 200 луѓе.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG