Достапни линкови

Спортските објекти под Битола, но не и вработените


Архивска фотографија: Спортската сала Младост во Битола, каде што поголем дел од македонските ракометни репрезентативци ја почнаа или поминаа дел од кариерата се распаѓа.
Архивска фотографија: Спортската сала Младост во Битола, каде што поголем дел од македонските ракометни репрезентативци ја почнаа или поминаа дел од кариерата се распаѓа.

Спортските објекти во Битола што се пред распаѓање, со одлука на Владата се вратени во надлежност на општината, која нема обврска да ги преземе и вработените.

Спортските објекти во Битола што се пред распаѓање, со одлука на Владата се вратени во надлежност и на трајно користење на битолската локална самоуправа. Со одлуката се опфатени спортската сала Младост, фудбалскиот стадион под Тумбе кафе, отвореното ракометно игралиште и објектот за гимнастички спортови. Одлуката доаѓа неколку месеци откако во спортската сала поради долгогодишно неодржување настана хаварија во зимскиот период, прокапеа таваните и замрзна парното.
Обврска на општината во одлуката нема кон вработените. Тоа треба да си го реши директорот од Скопје кој досега стопанисуваше со објектите. Ние ќе ги провериме концесиите, ќе видиме каква обврска имаат тие кон спортските објекти. Ако се во ред ќе останат, ако не, ќе ги раскинеме.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Она што ќе мора веднаш да го направиме е итна интервенција во спортската сала Младост зашто зимскиот период таму беше катастрофална ситуацијата. За жал, долги години никој не вложувал во спортските објекти во Битола, иако дел од нив биле градени со самопридонес на битолчани. Но, алармантна е ситуацијата во сите објекти. Веќе бараме финансиска можност за изградба на една трибина на стадионот“, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Спортската сала Младост во Битола.
Спортската сала Младост во Битола.

Но, општината ќе ги преземе само објектите, а нема обврска и за вработените. Воедно, новиот сопственик ќе ги преиспита и договорите за концесија.

„Обврска на општината во одлуката нема кон вработените. Тоа треба да си го реши директорот од Скопје кој досега стопанисуваше со објектите. Ние ќе ги провериме концесиите, ќе видиме каква обврска имаат тие кон спортските објекти. Ако се во ред ќе останат, ако не, ќе ги раскинеме“, додава Талески.

Објектите досега беа во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти. Освен спортската сала, во лоша состојба е и стадионот, кој со години никој не го одржуваше, па се претвори во јавен тоалет.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG