Достапни линкови

Медиумите може да „градат или уриваат“ мултиетнички општества


Медиумите може да ја градат или да ја уриваат толерантноста и разбирањето и да постигнат подобра социјалната кохезија во заедницата.

Различните заедници, религии и културни традиции ги прават општествата појаки. Тоа е нешто што треба да се цени и да се прифати. Ова го порача американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс на отварањето на Конференцијата за улогата на медиумите во општестевното единство „Гради или руши“, на која учество земаа новинари од Македонија и Косово. Медумите се тие кои што може да одиграат позитивна или негативна улога во прифаќањето на различностите, вели Волерс.
Сите знаеме дека различноста може да резултира со недоразбирање, сомнеж дури и страв. Медиумите може да играат голема улога во тоа како општеството се справува со различностите. Тие може да имаат позитивна или негативна улога. Тие може да ја градат или рушат толерантноста и разбирањето и подобрата социјалната кохезија во заедницата.
Пол Волерс, американски амбасадор во Македонија.

„Сите знаеме дека различноста може да резултира со недоразбирање, сомнеж дури и страв. Медиумите може да играат голема улога во тоа како општеството се справува со различностите. Тие може да имаат позитивна или негативна улога. Тие може да ја градат или рушат толерантноста и разбирањето и подобрата социјалната кохезија во заедницата.“
Американскиот амбасадот во Македонија, Пол Волерс.
Американскиот амбасадот во Македонија, Пол Волерс.

Според Волерс, влијанието на интернетот и социјалните медиуми постојано расте и истите се сменија и ги проширија можностите на кои новинарите би можеле да влијаат. Интернетот стана јавен простор на 21 век. Тоа е глобален плоштад каде луѓето можаат да разменат идеи и позитивни мислења, или пак можат да расправаат, да критикуваат или да судат, додава Волерс.

„Меѓутоа пристапот до поголемо количество на информации не значи дека тие се поточни, покорисни или пообѕирни. Тие може луѓето да ги наведат во погрешен правец. Во овие околности што постојано се менуваат, одговорното, искрено и непартиско новинарство е од суштинско значење. Доколку новинарите заземаат некоја страна при нивното известување, јавноста и земјата страдаат и расте недовербата во медиумите. Додека формите на медиумите се сменија, улогата на новинарството е иста.“

На Конференцијата беа присутни и експерти од САД, а беше претставено и истражувањето на Високата школа за новинарство и односи со јавноста за тоа како известуваат медиумите за меѓуетнички и религиски прашања. Истражувањето покажало дека кога медиумите известуваат за овие теми забораваат на некои основни новинарски стандарди како непристрасно, точно и избалансирано известување, како и тоа дека меѓуетничките теми се актуелни само кога се негативни.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG