Достапни линкови

Му требаат ли нови промени на Уставот?


СДСМ бара уставни измени за да не застаруваат делата поврзани со приватизацијата. Партиите на Албанците, пак, сакаат поширока примена на бадентеровиот принцип.

Деновиве во Собранието СДСМ предложи да не застаруваат делата поврзани со процесот на приватизација, но и претходно тема на разговор беше потребата од промени на Уставот. До овој момент предмет на интерес на ДУИ и ДПА се прашања што се поврзани со Бадинтеровиот принцип и неговата поширока примена. Иако експертите сметаат дека каква било промена на Уставот е скоро невозможна без политички влијанија, почнуваат да се појавуваат прашања колку тие политички влијанија делуваат за општо добро на земјава.
Е сега, дали може да се прават уставни измени, а да нема воопшто политички влијанија? Тоа не е можно, бидејќи самиот Устав како правен акт, е пред се и политички акт и сето тоа се прави преку инструмент на политика за преуредување на некои односи за во иднина.
Бајрам Положани, универзитетски професор, поранешен Уставен судија.

„Прашање е можеби повеќе какви се тие политички влијанија и второ принципите на уставно-правната материја, секако во согласност со некои меѓународни документи коишто се прифатени од Република Македонија од една страна, а од друга страна во праксата многу малку функционираат“, коментира Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд во Старзбур.
Уставот на Република Македонија.
Уставот на Република Македонија.

„Е сега, дали може да се прават уставни измени, а да нема воопшто политички влијанија? Тоа не е можно, бидејќи самиот Устав како правен акт, е пред се и политички акт и сето тоа се прави преку инструмент на политика за преуредување на некои односи за во иднина“, додава професор Бајрам Положани.
Јас повеќе би зборувала од аспект на човекови права и тука лично сметам дека треба одредени промени за да се даде можност повеќе на националните органи да постапуваат во ова поле согласно Уставот.
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд во Старзбур.

Се работи за тоа дека треба да се седне и убаво да се разгледа дали има потреба за менување на Уставот, рече Цаца Николовска, која признава дека има одредени работи што се пропуштени.

„Јас повеќе би зборувала од аспект на човекови права и тука лично сметам дека треба одредени промени за да се даде можност повеќе на националните органи да постапуваат во ова поле согласно Уставот.“

Таа исто така вели оти легитимно право на партиите е да бараат уставни промени, но дека исто така треба да се оценува колку истите се потребни и што може со нив да се направи. Цаца Николовска рече дека она што особено е проблематизирано во Македонија е дека кога се зборува за уставни промени веднаш се зборува дека тоа ќе предизвика одредени проблеми и оти се бега од потребата да се отвори некое прашање.

На професор Бајрам Положани му е блиска идејата за потребата од промена на Уставот. Тој наведува дека партиите од албанскиот политички блок овој момент имаат повеќе идеи поврзани со уставните промени.

„За зајакнување на меѓунационалните односи, за унапредување на статусот на заедниците, за уредување на некои прашања во консензуалната демократија, односите во комитетот на заедниците.“

Уставниот систем се базира на Уставот донесен во 1991 година, по референдумот за осамостојување. Досега овој акт беше коригиран 7 до 8 пати. Пред 10 години кога дојде до меѓуетничкиот конфликт и донесувањето на Рамковниот договор беа определени поголеми уставни промени со кои се зајакнува мултиетничкиот карактер на државата и се задржа нејзиниот унитарен карактер.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG