Достапни линкови

Работнички и Ренова во борба за фудбалскиот куп


Архивска фотографија: Фудбалерите на Работнички во дуел со Ливерпул на Арената Филип Втори во Скопје на 29 јули 2010 година.
Архивска фотографија: Фудбалерите на Работнички во дуел со Ливерпул на Арената Филип Втори во Скопје на 29 јули 2010 година.

Работнички и Ренова денеска во 16 часот во Штип ќе се судрат во финалето на македонскиот фудбалски куп. Во двата тима владее оптимизам дека може да стигнат до победата.

Македонскиот фудбал попладнево ќе го добие 20-тиот победник во националниот куп. Во финалето во Штип (од 16 часот), Работнички и Ренова ќе се борат за вредниот пехар, а со тоа и за влез во домашната фудбалска историја. Неа ја испишуваат победниците, меѓу кои се наоѓа и Влатко Костов. Тој, пред 19 години, како фудбалер на Вардар триумфира во првиот македонски куп. Успех на кој со задоволство се потсетува и денес, кога на пехарот ќе атакува како тренер на дебитантот во финалето, Ренова.
Финале на националниот куп е еден настан кој што останува длабоко врежан во мислите и на играчите и на тренерите. Тоа е посебна чест да се освои бидејќи тоа е најмасовно натпреварување. Кога во едно најмасовно натпреварување си победник, тоа покажува за силата на тој клуб, како играчки, така и организационо.
Влатко Костов, тренер на ФК Ренова.

„Финале на националниот куп е еден настан кој што останува длабоко врежан во мислите и на играчите и на тренерите. Тоа е посебна чест да се освои бидејќи тоа е најмасовно натпреварување. Кога во едно најмасовно натпреварување си победник, тоа покажува за силата на тој клуб, како играчки, така и организационо. Мене ми беше чест првото финале да го освојам како играч на Вардар. Уште се сеќавам на тој момент, еден полн стадион со Пелистер, во кој што одлучи еден потег на стрелецот на единствениот гол, Жанко Савов. Самиот податок дека го памeтиме тоа финале, покажува за какво натпреварување се работи и ние (Ренова) ќе дадеме се од себе да бидеме запишани во историјата како освојувачи на тој Куп“, изјави Костов.
За мене лично да играш финале и да го освоиш претставува еден скриен, таен сон. Секој фудбалер сонува да биде најдобар во својата работа што ја работи. Јас како фудбалер доколку го освојам Купот, тоа е плус за мене во кариерата.
Борче Маневски, капитен на ФК Работнички.

Слично размислуваат и во Работнички, кој има две победи во трите досега одиграни финалиња. Но, од актуелниот играчки кадар, само Крсте Велкоски може да се пофали со триумф во Купот. Затоа и „романтичарите“, со нетрпение го очекуваат дуелот, кој е битка и за пласман во квалификациите од Лигата на Европа, а капитенот Борче Маневски вели:

„За мене лично да играш финале и да го освоиш претставува еден скриен, таен сон. Секој фудбалер сонува да биде најдобар во својата работа што ја работи. Јас како фудбалер доколку го освојам Купот, тоа е плус за мене во кариерата. И плус мотив ми е тоа што сум капитен, што имам шанса јас да го кренам тој пехар. Нема да биде лесно, али имаме млад тим, квалитетен и мислам дека можеме да го освоиме овој Куп“.

И покрај големото значење на натпреварот, актерите ветуваат спортска битка на теренот, а за настанот да го оправда епитетот „празник на фудбалот“, тоа треба да се случи и на трибините. За овој дел, задолжена е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), од каде се преземени засилени мерки за безбедно одигрување на мечот од висок ризик.

„Со оглед дека се работи за финале на Купот, така е прогласено. Инаку, не се очекува дека ќе има некои посебни проблеми. Екипите се добро познати, немаат некоја агресивна публика. Пуштени се во продажба околу 4.000 влезници, колку што е капацитетот на стадионот во Штип. Ќе биде ангажирана агенција за обезбедување со 50 работници и Министерството за внатрешни работи со своите засилени мерки, следејќи ја состојбата на безбедносен карактер во Република Македонија“, изјави Митре Трајковски, комесар за безбедност на ФФМ.
XS
SM
MD
LG