Достапни линкови

Филаданко го затвара Танц фест


„Филаданко“ -танцова компанија од САД
„Филаданко“ -танцова компанија од САД

Со настапот на „Филаданко“, првата голема американска компанија што доаѓа во Македонија, успешно ќе биде заокружено осмото издание на ТАНЦ ФЕСТ.

Формирана 1970 година како сон на тогаш младата Џоан Мајерс Браун која цели две децении се обидувала да се справи со американскиот сегрегациски систем и да им овозможи на афроамериканците да се докажат во светот на танцот во кој дотогаш доминирале белците , „Филаданко“ 42 години подоцна е една од најзначајните танцови компании во САД и еден од најпознатите извозни културни продукти на Филаделфија.
За мене танцот не се разликува многу бидејќи тој има универзален јазик со таа разлика што публиката во Европа има поинакви очекувања од онаа во САД. Од друга страна сметам дека на Стариот континент самата уметност повеќе се цени, се внимава на уметничкиот израз, а кај нас повеќе се форсираат комерцијалните, ревијалните претставувања.
Џоен Мајерс Браун, основач на Филаданко.

Денес визионерката има 80 години , 7 ноември е прогласен за Ден на живото наследство на Џоен Мајерс Браун во Филаделфија, неодамна излегоа од печат нејзините мемоари и што е најважно витална како што е некогашната балерина се уште патува по светот со својата трупа на доброобучени танчери.
Џоан Мајерс Браун.
Џоан Мајерс Браун.

„Мене навистина ми е драго што по две години откако бевме поканети на фестивалот “Танцмесе“ во Диселдорф да дојдеме во Македонија еве не конечно и во Скопје. Со оглед на тоа што сме репертоарна компанија, ќе презентираме дела од неколку различни кореографи како „Памук“ и „Непријател зад портите“ на Кристофер Хјуџис чиј атлетски стил вклучува голема доза на ризик и им одговара на моите танчари, потем „Концерт за виолина“ во кој донесуваме артикулирани движења работени врз музиката на Филип Глас и конечно тука е и перформансот „Во стилот на фанкот“ на кореографката од Канзас Џоли Вила Џо Золар во кој пулсираат врелите ритми на незаборавните ПАРЛАМЕНТ ФАНКАДЕЛИК.“
Публиката сака да доаѓа на фестивалот, тоа за нас е најголемата радост, најголемиот успех.
Рисима Рисимкин, Танц фест.

Говорејќи за современиот танц и за американската наспроти европската сцена, Г-ѓа Браун вели дека танцот станал глобален, та дури хип-хоп културата станала универзална.

„За мене танцот не се разликува многу бидејќи тој има универзален јазик со таа разлика што публиката во Европа има поинакви очекувања од онаа во САД. Од друга страна сметам дека на Стариот континент самата уметност повеќе се цени, се внимава на уметничкиот израз, а кај нас повеќе се форсираат комерцијалните, ревијалните претставувања.“

Инаку, со настапот на „Филаданко“ завршува и осмото издание на ТАНЦФЕСТ во рамките на кое ги проследивме и Битеф танцовиот театар од Србија со изведбата на „Отело“, промоцијата на сцената „Зебра“ и премиерите на „Орландо“ и „Човек во ходникот“, потем ТКО театар од Келн Германија и „Хамлет машина“ на режисерката и кореографка Нада Кокотовиќ и на отварањето феноменалните Недерланд денс тиатар од Холандија. За ова Рисима Рисимкин, уметничкиот директор на манифестацијата со констатација.

„Публиката сака да доаѓа на фестивалот, тоа за нас е најголемата радост, најголемиот успех.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG