Достапни линкови

Американски конгресмени во посета на Македонија


Архивска фотографија: Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс.
Архивска фотографија: Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс.

Американската делегација од десетина конгресмени предводена од републиканецот Дејвид Драјер и демократот Дејвид Прајс е во посета на Македонија.

Делегација од десетина конгресмени од Соединетите Држави престојува во земјава во рамки на програмата „Дом за демократско партнерство“. Оваа програма во Претставничкиот дом во Конгресот е основана во 2005 година и има директна соработка со 16 земји во светот. Нејзина партнерска организација во Македонија е Собранието. Целта на програмата е да се поддржи развојот на ефикасни институции.
Архивска фотографија: Конгресменот Дејвид Драјер на средба со Далај Лама.
Архивска фотографија: Конгресменот Дејвид Драјер на средба со Далај Лама.

Директно ќе кажат нивни размислувања, нивни искуства во однос на тоа што го работат тие, што работиме ние, да пренесат што значи тоа и во пракса. Не се исклучува разговор и по други теми.
Талат Џафери, ДУИ.
Делегацијата ја предводат републиканецот Дејвид Драјер и демократот Дејвид Прајс. По средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, делегацијата ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски, со кој според неофицијалните изјави, ќе има разговори за прашања како што се членството во НАТО во контекст на претстојниот самит во Чикаго.

Ова не е прва посета на делегација од Конгресот во македонското собрание. Неколку години по ред таква делегација доаѓа во посета на земјава, а соработката е взаемна, зошто и наши парламентарни делегации имале можност да го посетат Американскиот конгрес и да видат како работи.
Архивска фотографија: Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс.
Архивска фотографија: Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс.

Според најавите, денеска и утре конгресмените ќе имаат средби со голем дел од македонските пратеници, со координаторите на опозициските партии, со претседателите на парламентарните комисии и со членовите на Управувачкиот совет на парламентарниот институт. Со нив ќе разговараат за неколку теми, како на пример улогата на парламентарниот институт во собранието, потоа надзорот како одговорност на Парламентот, ефикасност на опозицијата и други.

Иако во македонското собрание се уште официјално не профункционирал парламентарниот институт, пратеникот Талат Џафери се надева дека искуствата кои ќе им ги пренесат нивните колеги од САД, ќе бидат применливи кај нас и ќе овозможат поефикасна работа на собранието.

„Директно ќе кажат нивни размислувања, нивни искуства во однос на тоа што го работат тие, што работиме ние, да пренесат што значи тоа и во пракса. Не се исклучува разговор и по други теми.“

Програмата Дом на демократско партнерство овозможува комуникација меѓу делегатите со нивните колеги од другите партнерски парламенти што се вклучени во неа, како и претставници од меѓународната политика и донаторската заедница. Нејзината мисија е да се зајакнат демократските институции преку соработка на парламенти во демократии во развој. Членовите на конгресот и вработениот пресонал работат директно со нивните колеги на обезбедување техничка експертиза чија цел е поттикнување на одговорноста, транспарентноста, законодавната независнот и владиниот увид во парламентите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG