Достапни линкови

Инвеститорите ги видовме, од инвестициите нема абер


Средба на премиерот Никола Груевски со мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим.
Средба на премиерот Никола Груевски со мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим.

При секое ново роуд шоу или, пак, посета од богат човек на државата се подгреваат очекувањата дека конечно ќе ни тргне.

Македонија високо котира на светската мапа на земји кои се добри за инвестиции. Економската политика тука е само за пофалби. Инвеститорите само што не дошле. Владата се пофали дека посетите на најголемите светски инвеститори и најбогатите светски бизнисмени говорат дека Македонија е добра дестинација за инвестиции, а со тоа и за отворање на нови работни места.
Ако ги немаме овие параметри, ние може само да сонуваме за некакви се инвестиции. Покрај тоа и таа лошо водена политика, каде селективно се бара, се гледа и се лоцира, да ќе ивестираш но во овој дел ќе инвестираш, значи однапред е спремена шемата кај да инвестираат.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим викендов ја виде Македонија. Претходно, владина делегација беше во Кувајт, Малезија, Индија. Сигурно се сеќавата и на посетата на катарскиот шеик. При секое ново роуд шоу или пак посета од богат човек на државата се подгреваа очекувањата дека конечно не ни тргне.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Владата треба да е свесна дека за да има веднаш инвестиции треба да се направат некои работи претходно, како добра инфраструктура, олеснувањата да не се само на хартија, да комуницира со реалниот сектор, да им се понуди сигурност на инвеститорите, вели претседателот на стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи. Друг проблем е селективноста при распределба на инвестициите, вели Кучи.
Дека ќе има големо вработувања од тоа кога ќе се отворат, ако се отворат некои бензински пумпи или дека стандардот на граѓаните со тоа ќе се покачи. Ќе привлекуваме инвестиции во ова држава од белосветски дестинации како Катар, Индија, Малезија, знаете тоа се убави имиња бидејќи никој не бил таму, ретко кој од граѓаните ги посетил тие места, и можат да замислат каква е тоа егзотика и како ние тука ќе се наполниме пари.
Ванчо Узунов, универзитетски професор, член на економскиот совет на СДСМ.

„Ако ги немаме овие параметри, ние може само да сонуваме за некакви се инвестиции. Покрај тоа и таа лошо водена политика, каде селективно се бара, се гледа и се лоцира, да ќе ивестираш, но во овој дел ќе инвестираш, значи однапред е спремена шемата кај да инвестираат.“

Трагање на инвестициите од земји како Катар, Малезија, Индија се само мачкање на очи, губење на време и губење на пари, вели професор Ванчо Узунов, кој е и член на економскиот совет на СДСМ. Друго прашање е што навистина тие инвестиции можат да придонесат во Македонија, вели Узунов.

„Дека ќе има големо вработувања од тоа кога ќе се отворат, ако се отворат некои бензински пумпи или дека стандардот на граѓаните со тоа ќе се покачи. Ќе привлекуваме инвестиции во ова држава од белосветски дестинации како Катар, Индија, Малезија, знаете тоа се убави имиња бидејќи никој не бил таму, ретко кој од граѓаните ги посетил тие места, и можат да замислат каква е тоа егзотика и како ние тука ќе се наполниме пари од нафтените магнати во светот, од Катар на пример. Катар воопшто не е дестинација која извезува капитал по вакви држави каква што е Македонија, не е позната по тоа.“

Тој додава дека сето ова го потсетува на времето кога беше актуелна милијардата на Тупурковски.

Трагањата по инвестиицици и кревањето прашина во медиумите од страна на владата е само за да го пренасочи вниманието од другите проблеми, вели Узунов. Кучи, пак, додава дека бизнисот воопшто не го интересираат дневно-политички игри, туку им е важно колку добиваат од она што го даваат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG