Достапни линкови

Неделници - Марш за мир и економски патриотизам


Маршот за мир и меѓуетничките односи, тоа што власта го замајува народот со локалните избори и економските неуспеси се само дел од темите за кои анализираат неделниците.

Маршот на мирот, организиран од невладини организации по загрижувачкиот наплив инциденти со меѓуетнички предзнак во скопските автобуси и по улиците на Скопје, Тетово и Гостивар, собра 3-4 илјади граѓани од кои мнозинството веројатно биле искрени во желбата за соживот, но во најновиот Глобус има неколку текстови со критичен тон што говорат дека и во таа, со најискрени намери организирана случка во Градскиот Парк во Скопје прстите ги вмешала политиката и нејзиното лицемерие.
Ако на почетокот постоеше голем ентузијазам за учество во Маршот, по неколку дена стана јасно дека него го присвоија многумина кои цело време се познати по својата лицемерието и националистичката и воинствена реторика!
Глобус.

Глобус - Марш без дел од либералната елита

„Марш без дел од либералната елита“, е насловот на текстот во неделникот кој поентира со заклучокот: „Ако на почетокот постоеше голем ентузијазам за учество во Маршот, по неколку дена стана јасно дека него го присвоија многумина кои цело време се познати по својата лицемерието и националистичката и воинствена реторика!“

Текстот е илустриран со фотографии на
претседателот Иванов како дели бесплатни прегратки на граѓани и на режисерот на „Еднооки“, Алек Русјаков, хејтерска ТВ-серија што поттикнува на омраза и кон сите критичари на власта, како што пишува Глобус.
Наместо да дебатираме за самоволието што Груевци го спроведуваат секојдневно, треба да си ги чешаме вилиците за тоа дали Коце или Ивица, како вмровски кандидати ќе се тркаат на следните локални, што значи, народот треба да се замајува локално, а власта да дупчи глобално.
Фокус.

Неколку дена потоа повторно беа искршени прозорците на некои автобуси, не се играа фудбалските натпревари помеѓу македонски и албански тимови, во салата каде што настапувале кошаркарите на Лирија имало националистички пораки до соседите Македонци... со доза на горчина завршува Глобус.

Фокус - Баталете ги локалните избори, гледајте што се случува денес!

Фокус во уводникот испраќа порака до граѓаните: „Баталете ги локалните избори, гледајте што се случува денес!“, потсетувајќи дека изборите се дури догодина напролет и дека тоа е повторно игра на власта. Што и не е некој голем успех, додава авторот, со оглед на безмалку целосно контролираниот медиумски простор. Наместо да дебатираме за самоволието што Груевци го спроведуваат секојдневно, треба да си ги чешаме вилиците за тоа дали Коце или Ивица, како вмровски кандидати ќе се тркаат на следните локални, што значи, народот треба да се замајува локално, а власта да дупчи глобално, извикува авторот на уводникот на Фокус.

Капитал - Економски патриотизам

Уводникот во најновиот неделен Капитал му е посветен на толку актуелниот патриотизам, но - оној, економскиот, па вели: „Времето кога требаше да се покажува поголем економски патриотизам го пропуштивме. Некои индустрии и фабрики неповратно се уништени, а виновниците никој не ги спомнува. Новите божем „виновници“ за сите економски неуспеси се оние кои успеале своите компании да ги направат поголеми и попрофитабилни. Политичарите со сите сили се трудат да ја убедат јавноста дека ако овие богаташи биле поголеми патриоти, немало толку да се збогатат. Ова се извртени тези кои секогаш лесно се продаваат во земја која 20 години има повеќе од 30% невработеност. Кои се поголеми патриоти, прашува Капитал, оние што инвестираат и отвораат нови работни места или оние што лесно ги трошат нивните пари?
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG