Достапни линкови

Потребни се многу повеќе странски инвестиции


Слободната економска зона Бунарџик кај Скопје.
Слободната економска зона Бунарџик кај Скопје.

На Македонија и се неопходни странски инвестиции и тоа во многу поголема мера од оваа што ја имаме, велат дел од стопанствениците.

Кинески бизнисмени во посета на Македонија. Индиски бизнисмени со интерес за вложување во Македонија. Принцот од Кент најави нови британски инвестиции. Тројца странски потенцијални инвеститори сакаат да градат во технолошко-идустриската зона во Тетово. Додека во македонските медиуми се пишува за најави и желби, вестите од соседството покажуваат реализација на странски инвестиции во нивните земји.
Македонија, како мала и неразвиена економија, нема доволно средства да започне нов инвестиционен циклус и да се развие со поголеми стапки на развој. Нам ни се неопходни странски инвестиции и тоа во многу поголема мера од оваа сега што ја имаме и тоа гринфилд инвестиции.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Кинеска автокомпанија во Бугарија отвори фабрика за изработка на автомобили. Хрватската компанија Агрокор во Србија инвестира околу 100 милиони евра, објавија неколку српски и хрватски медиуми.

Според Народна банка, 287 милиони евра странски инвестицици се регистрирани во првите единаесет месеци од 2011. За Владата, овие податоци се задоволителни.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012 година.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012 година.

Минатата година почнаа да се градат неколку фабрики во сопственост на странски компании како што е фабриката на италијанската групација „Витило“ која се гради во индустриската зона Бунарџик близу до Скопје, потоа американската компанија „Кемет елекстроникс“ почна со изградба на фабрика за кондензатори вредна 25 милиони евра, додека руски „Проект груп“ почна со изградба на фабрика за аптекарски производи, вредна 5 милиони евра.
Забелешка од странците е и дека има доста неефикасно судство и правна регулатива што е сигурно една препрека за тоа, тие да се заинтересираат за вложување.
Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.

Мултинационалната компанија „Џонсон контролс“, која веќе четири години има фабрика за автомобилска електроника во Бунарџик, најави изградба на уште една фабрика, за тапацир за автомобилски седишта во Штип.

Покрај реализираното, дел од најавите за странски инвестиции кои се најавуваа во изминативе години, не се остварија. Не испадна ништо од влегувањето на „Искра“, „Орланди груп“, „Шише џам“ и „Хаер и Тривју“.
Илустрација.
Илустрација.

Дел од стопанствениците и економистите сметаат дека во земјава се влезени малку странски инвестиции. Мирче Чекреџи од Сојузот на стопанските комори вели дека она што минатата година влезе во земјава како странската инвестиција се уште е недоволно за Македонија.
Сакаат да видат поголема транспарентност во спроведување на јавните набавки, многу напори се направени во тој правец, убеден сум меѓутоа дека сега треба тие нешта кои што се влезени во регулативата да видиме како се имплементираат.
Стеван Плавјански, Американска стопанска комора.

„Затоа што Македонија, како мала и неразвиена економија, нема доволно средства да започне нов инвестиционен циклус и да се развие со поголеми стапки на развој. Нам ни се неопходни странски инвестиции и тоа во многу поголема мера од оваа сега што ја имаме и тоа гринфилд инвестиции.“

Претставници на американската стопанска комора на последната средба со владата побараа помош за малите бизниси да извезуваат во земјите од регионот и поголема транспарентноста при јавните набавки.

„Сакаат да видат поголема транспарентност во спроведување на јавните набавки, многу напори се направени во тој правец, убеден сум меѓутоа дека сега треба тие нешта кои што се влезени во регулативата да видиме како се имплементираат“, вели Стеван Плавјански, претседател на управниот одбор на Американската стопанска комора.

Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека причините за незаинтересираноста на инвеститорите за земјава се малиот пазар, немањето добра инфраструктура, како и силната конкуренција од соседните земји кои се повеќе инвестираат во подобрување на бизнис климата.

„Забелешка од странците е и дека има доста неефикасно судство и правна регулатива што е сигурно една препрека за тоа, тие да се заинтересираат за вложување.“

Тој додава дека земјава е конкурентна од аспект на трошоци за труд, има ниски даноци, но сепак, таа се уште не е подготвена да одговори на барањата на инвеститорите.

Во изминативе 20 години, според податоците на НБРМ, во земјава се влезени вкупно една милијарда евра во гринфилд иневстиции. Според НБРМ, странските инвеститори досега најмногу вложувале во услужните дејности, сектор во кој заклучно со 2008 година странците вложиле околу 1,6 милијарда евра. Во производство, странските компании вложиле околу 886 милиони евра, а во рударството околу 168 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG