Откако главно провладините медиуми ги подгреваа надежите дека во Чикаго ќе се случи чудо и Македонија некако ќе успее да добие покана за членство во Алијансата, речиси сите ги објавија ладните тушеви од самата НАТО и од Вашингтон.
Дневник ги објави изјавите на Расмусен: „Македонија да не очекува покана за членство во НАТО“ и на американскиот амбасадор во Скопје, Волерс, дека штом нема можност за консензус со што се определува членството, тогаш нема поента да се покренува прашањето за членство на БЈРМ.
Утрински го анализира, како што пишува, драматичното заостанување на Македонија на патот кон ЕУ, откако и Србија доби информација дека ќе добие покана за преговори за
членство.
Дневник прашува дали е можно фазно решавање на спорот за името по косовски рецепт откако Белград и Приштина се договорија, па насловува: „Белград и Приштина во Европа, Скопје и Атина на Балканот“.
А, Нова Македонија констатира дека ниту Скопје не е Белград, ниту Приштина - Атина.
Вечер го цитира Груевски од интервјуто за германски Ди Велт дека „За решение на спорот за името се потребни двајца“.
Утрински објавува дека „Владата бара нова истрага за загинувањето на Трајковски, а во дневна колумна со чудење забележува дека најновиот извештај прво го разгледувала Владата, а не Јавното обвинителство. „Нарачателот прв требало да види што има внатре, оди сега верувај што и да кажат“ - заклучува Утрински.
За убиството на две момчиња од страна на полицаец кој во моментот не бил на должност и за протестите на Албанците во Гостивар јавија сите медиуми, но дневниот Фокус оди со наслов што се' кажува: „Гостивар потресен, нервите ко струни“.
И за економијата: По најголемото поскапување досега на горивата, Нова Македонија насловува дека „Нафтениот триаголник ја држи нивната цена“ па забележува дека Владата се откажува од приходите од акцизи само ако има избори, а за пресметка на цените на бензините се користи методологијата што и одговара само на Окта. Истиот весник објавува дека за 8 отсто е намалено индустриското производство во овој јануари во споредба со истиот месец лани.
Дневниот Капитал насловува: „Шест милиони евра вредат само објавените реклами на Владата!“ повикувајќи се на податоци од Бирото за јавни набавки, каде што се' уште не биле ажурирани сите склучени договори за ланската година.
Македонија да не очекува покана за членство во НАТО.Дневник.
Дневник ги објави изјавите на Расмусен: „Македонија да не очекува покана за членство во НАТО“ и на американскиот амбасадор во Скопје, Волерс, дека штом нема можност за консензус со што се определува членството, тогаш нема поента да се покренува прашањето за членство на БЈРМ.
Утрински го анализира, како што пишува, драматичното заостанување на Македонија на патот кон ЕУ, откако и Србија доби информација дека ќе добие покана за преговори за
Владата се откажува од приходите од акцизи само ако има избори, а за пресметка на цените на бензините се користи методологијата што и одговара само на Окта.Нова Македонија.