Достапни линкови

Проблем во соочувањето со меѓународната реалност


Без решение за името нема во НАТО, порача генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.
Без решение за името нема во НАТО, порача генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

Пораките од меѓународната заедница стануваат се поексплицитни зашто власта не сака да се соочи со реалноста во меѓународната политика, коментираат дел од експертите.

Веќе подолго време дипломатскиот јазик што го практицираат македонските власти покажува проблем да се разбере меѓународната ситуација, да се прифатат меѓународните правила на игра, да им се прилагоди и да се бори за своите интереси во светот во кој владеат интересите, а не правдата, го коментираат дел од македонските политичари начинот на кој реагираа македонските власти на пораките од Расмусен и Волерс кои овојпат многу директно кажаа дека Хаг нема да има влијание врз одлуките на Алијансата. Македонската политика има проблем да го направи неопходното прилагодување и да се соочи со реалноста во меѓународната политика, коментира професор Денко Малески.
Правење на нужни компромиси, непријатни компромиси за да се оствари крајната цел, а тоа е членство во НАТО, членство во ЕУ, за што државите на Балканот покажуваат дека се спремни по нешто и да жртвуваат. Што ние сме спремни да жртвуваме за да ја оствариме таа цел, тоа е смислата на дебатата, а не како да го исправиме овој свет на неправди.
Денко Малески, универзитетски професор.

„Правење на нужни компромиси, непријатни компромиси за да се оствари крајната цел, а тоа е членство во НАТО, членство во ЕУ, за што државите на Балканот покажуваат дека се спремни по нешто и да жртвуваат. Што ние сме спремни да жртвуваме за да ја оствариме таа цел, тоа е смислата на дебатата, а не како да го исправиме овој свет на неправди“, вели Малески.

Не постои подготвеност, знаење, но најверојатно најмногу политичка волја да се сфатат пораките на вистинскиот начин, вели професор Мерсел Биљали, па затоа и меѓународната заедница почнува
НАТО треба да се изјасни зошто не ја почитува одлуката од Меѓународниот суд во Хаг, изјави претседателот Иванов вчера во Штип.
НАТО треба да се изјасни зошто не ја почитува одлуката од Меѓународниот суд во Хаг, изјави претседателот Иванов вчера во Штип.
да ги испраќа на така директен начин.

„Веројатно мислејќи дека нормалните дипломатски или политички пораки или не ги сфаќаме или ги злоупотребуваме, или пак нешто ќе скриеме од јавноста“, вели Биљали.

Низ разликите во самата комуникација, Македонија полека ја губи поддршката, велат експертите, бидејќи освен барање на правдата, од македонска страна не се понудени сигнали за подготвеност да се пронајде дипломатски пат за излез од проблемот. Овој впечаток не може да го подобри ниту денешната средба Груевски-Пападимос во Брисел, која само ќе покаже уште една карактеристична црта на нашиот дипломатски израз во последниов период.

„Дека таа поприлично се сили во некоја смисла, да речам, дека е спремна во секој момент да разговара, да преговара и тн., меѓутоа очигледно ние немаме што многу да изнесеме на таа маса“, вели Малески.

Оттука и денешната средба во Брисел, според сите очекувања, ќе заврши во духот на во последно време одбраната тактичка игра да се покаже конструктивност на своја или неконструктивност на спротивната страна. Никој не може веќе да очекува дека сето тоа води кон некаков излез.
XS
SM
MD
LG