Достапни линкови

Студена зима, жешки страсти!


Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија
Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Врв на лицемерието се изјавите дека МВР се’ уште ги бара поединците кои ги предизвикувале инцидентите. Замислете, на МВР не му се познати поединците, ама Груевски однапред знае дека тие се од редовите на опозицијата, пишува за РСЕ Дарко Давидковски од СДММ

Подобро да се опише во четири збора ситуацијата во Македонија мислам дека и не може. Не знам за што повеќе да бидам загрижен? Зимска идила 15 сантиметри снег, а градските власти „одлично“ се справуваат со снегот, само ако може да не им врне. Вистинска зимска идила за романса и меѓу партнерите т.е. коалицинерите. Или што би се рекло народски толку е ладно што и маче и куче спијат заедно. Ама изгледа нашиве маче и куче одамна делат постела.

Ајде малку хронолошки да ги разгледаме настаните. Пред околу година дена се случија инциденти на Скопското кале кои како бран на етничка нетрпеливост во еден период ескалираа со судир на две групи на млади луѓе. За жал двете групи беа инструирани од партиите во коалицијата „куку леле“ и пред очите на полициски службеници се случи немилиот настан, а во исто време заменик министерот за внатрешни работи од ДУИ беше и извршна и судска власт па ослободуваше учесници и вадеше лисици. Жалам што младите мораа да бидат апарат во рацете на една мала група луѓе за задоволување на нивните лични и партиски интереси. Најтрагично е тоа што после се’ никој не одговараше за инцидентите на Скопското Кале. Ниту има виновници, ниту имаше истрага, се покажа дека институциите на власта беа злоупотребени за негување на коалиционата љубов која фрли искри меѓу недолжните и невините.

Денес се случува истото. Се почна навидум наивно, од навивање преку маскирање, па се до палење знамиња и верски објекти. И наместо да преземат потребните мерки за откривање и осудување на виновниците за ваквите немили настани, партнерите од коалицијата „се прават на три и пол“ и излегуваат во јавноста со барање да престанат тензиите. Е нека престанат де, треба да свртат телефон Груевски и Ахмети во Струга и струшко и решен проблем. Ама дали им одговара да биде решен проблемот? Очигледно овде емоциите и националните чувства се ставени во служба на дневно политичките интереси на владејачката коалиција. Наместо да зборуваме за проблемите како шампионската титула во мизеријата, огромното задолжување на државата, неразумното трошење на парите на граѓаните, уназадувањето на евроинтегративните процеси нашето внимание сега е насочено кон смирување на меѓуетничките тензии.

Или како што кажа женичката пред влада „Лицемерие бе синко! Зарем можеш да направиш нешто во државава без лицемерие?“ Токму така, очигледно има многу лицемерие ама кон својот народ.
Артан Груби, шефот на кабинетот на Али Ахмети, до неодамна водачот на „Разбуди се“ глумеше жежок противник на политиката на владата на Груевски од Скопје 2014 до црквата на калето. Тој е истиот оној што ги организираше протестите на Калето, а МВР до ден денес ги бара одговорните за насилството. Тврди дека од него барале услуги и СДСМ без притоа и после цела недела прозивање да каже кој ги барал услугите и какви се тие услуги што биле барани од него.


Еве на пример Артан Груби, шефот на кабинетот на Али Ахмети, до неодамна водачот на „Разбуди се“ глумеше жежок противник на политиката на владата на Груевски од Скопје 2014 до црквата на калето. Тој е истиот оној што ги организираше протестите на Калето, а МВР до ден денес ги бара одговорните за насилството. Тврди дека од него барале услуги и СДСМ без притоа и после цела недела прозивање да каже кој ги барал услугите и какви се тие услуги што биле барани од него.

Лицемерие има и кај Груевски кој без ни малку срам на изјавата на Артан Груби додаде дека поединци од опозицијата ги провоцирале меѓуетничките тензии. Врв на лицемерието се изјавите дека МВР се’ уште ги бара поединците кои ги предизвикувале инцидентите. Замислете, на МВР не му се познати поединците, ама Груевски однапред знае дека тие се од редовите на опозицијата.

Историјата на Балканот многу пати до сега покажала дека играњето со оган во ваквите студени зими знае да биде опасна работа. Тоа што не смеат и немаат право да си го дозволат е нивната игра со огнот да предизвика пожар што ќе проголта и невини жртви. Човечките животи се премногу скапа цена за нивните несмасни игри и затоа нема да им дозволиме да не’ вовлечат во нив.

Дарко Давитковски - Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија
XS
SM
MD
LG